надгледува несв.
надгледувач м.

надгледува (несв.)

Високиот снег значеше само едно олеснување: добитокот не можеше да оди подалеку од потокот, Бојан не мораше да оди да го надгледува и да го собира.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Најзадоволни беа кога ќе се најдеа во окопите кога не можеа да се надогледаат на ридот спроти нив зад кој се наоѓаше нивната Брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
ПАНАЈОТИС: Утре наутро. Киро ќе ја надгледува вашата работа. За сите потреби обраќајте му се нему.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Така низ цевка го здогледувам и капетан Мирковиќ. Надгледува, развикува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Покрај тебе стојат војници и те надгледуваат. Само викаат и со прстот вака ти прават.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е, ама си здодевен човеку. Па ти рече човекот дека лично се ќе надгледува, нели, другар? - Точно е.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе ја надгледувам. Ќе наслушам дали дише, дали е уште жива. А таа не знае ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само еден, некој Јаков Иконописец што ќе останел да го надгледува довршувањето на водениците, движен од исконско пијанство во себе, можеби со заткарпатска медовина во крвта, без причини се обидувал да запее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
МЕНУВАЊЕ НА ВОЛЈИТЕ (извадок) На секој начин, подобро е да се биде надгледуван од некој друг отколку да се надгледуваш себеси.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Всушност, оваа анализа би покажала дека многу од нашите начини на однесување ја одразуваат нашата соработка во контролирањето и надгледувањето на сопствените животи, и животите на другите, во согласност со доминантните културни сфаќања .
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Устоличувањето на писмото е устоличување на играта; играта денес се препушта самата на себеси, бришејќи ја границата од која, како што се веруваше, може да се регулира кружењето на знаците, повлекувајќи ги со себе сите успокојувачки означени, редуцирајќи ги сите утврдени места, сите засолништа вон играта кои го надгледуваа полето на говорот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во „39 скалила“ јунакот запаѓа сред политички собир и импровизира соодветен говор; во „Саботер“, на добротворната приредба, тој сака на граѓанството да му ја разјасни опасната ситуација и така предоцна (сите гледаат надвор) дознава дека му е вперен револвер, и разгласува дека драгоцениот ѓердан е понуден на јавна продажба за добротворни цели; во „Север-Северозапад“ јунакот се наоѓа на аукција во затворен простор, во којшто сите излези се надгледуваат од шпиони - така решава да земе учество во аукцијата, на што организаторите повикуваат полиција што него мирно го одведува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Долу, во јамата во која бев, двете први групи ги надгледуваше само еден гардист.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Би требало да почне да ги надгледува сите свои кружења, сите струјни кола на светот кои се сечат во неговите гени, нерви и мисли. Какво нечуено ропство.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Уште една или две години и тие ќе ја надгледуваат дење и ноќе, барајќи знаци на неисправност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каде и да се наоѓа, додека спие или е буден, додека работи или одмора, в бања или в кревет, тој може да биде надгледуван без предупредување и без да знае дека е надгледуван.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој граѓанин, или барем секој граѓанин што беше доволно значаен за да биде надгледуван, можеше да биде изложен по дваесет и четири часа дневно на будното око на полицијата и на звукот на официјалната пропаганда, додека сите други канали за комуникација беа затворени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но британските воени мисии требало да надгледуваат дали ќе бидат спроведени набележаните инструкции.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Повеќе