надвика св.

надвика (св.)

Но зората светна и во нивното прозорче, а нивниот петел ги надвика сите петли од селото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Сакате жените и децата со стапови да нѐ пречекаат, се обидел да го надвика Јордан Шоп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној што се обидел да ги надвика уште лежел на грб. Полека заспивал. Се смирил како да се нацицал хашиш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не верувале дека Онисифор Мечкојад ќе им помогне да се ослободат од стравот. Некој се обидувал да ги надвика.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Во вашето одделение секогаш вонредна состојба! Сите на места!“ конечно нѐ надвика.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Луѓето скокаа од своите седишта и викаа колку што ги носи грло настојувајќи да го надвикаат излудувачкото мекање што доаѓаше од екранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Како напредува Речникот?“ праша Винстон кревајќи го гласот за да ја надвика вревата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Не може десет дена да седи... - сѐ уште немаше завршено кога тетка Олга ја надвика.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)