нагол (прид.)

Талкаше некое време низ логорот во потрага по кафе и по доручекот дојде до една од оние нагли одлуки кои подоцна се забавни за разгледување.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Психолошката зависност е чест случај и наглото прекинување може да предизвика смрт.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Изгледа како да влетав во самиот центар на фудбалскиот натпревар после будењето од нагла смрт.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ворхол (2) Картер Ратклиф Увод Конзервите од супи на Енди Ворхол, хамбургерите на Клас Оленбург, стриповите на Рој Линхтенштајн и пародичните рекламни плакати на Џејмс Розенквист - овие поп-арт слики направија скок и од наглата експанзија на празната американска консументска култура влегоа директно во областа на високата естетика.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Среде наглите изблици на псевдомагија во езотеријата на нашите епигони меродавно е само уметничкото дело, тоа убедливо, значајно книжевно дело.(...)
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Затоа доаѓањата се нагли, ненајавени: тука сум!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
потем се наслутува сѐ почесто во глувиот ноќен јасник како слана (во споредба со неа, снегот е мек и топол, Господине) во забраната да се верува во чувствувањето срам да се признае мечтаењето по неа и скришното вљубување во зазорот и распрашувањето за смислата на животот (најдолгите чудења се загушени од банални спреги) во сѐ поприсните признаци од сонот - таму кајшто живееме однапред, повторно и можеби безгранично, таму кајшто времето не се мери со просторни величини и кајшто, конечно, не се дели иако, да признаеме навиката да живееме раздвоено нѐ збунува сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме да ја избереме спалната, креветот да постелеме нови чаршафи само за една, за наша употреба купуваме ноќници за истата прилика се тревожиме од наглите отворања на вратата низ којашто проблеснува вселената сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Лета јастреб на летното небо под нечитливиот краснопис на зодијакот најпрвин во кругови широки и нагли како скришни помисли потем сѐ поситно, опсесивно запира на родното дно наспроти сѐ друго што и натаму се врти околу својата замислена оска.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од немирниот сон што трае со месеци, од превртувањето во постела неделава, од наглото станување од кревет, мугриве.  Холокауст центарот е трауматично здание.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сурово природни затекнати во немајкаде онемени, од вџашеност побелени можеби од премногу живот и дарба можеби од премногу набожност, паганска или премногу смрт, нагла, неправедна само се наѕираат - маргина до маргина диск до диск за вчитување на изгубеното аз, буки, веди, глаголи, добро ест живете... алфа, бета, гама, делта... алеф, бет, гимал, далет... сличности на претек претци а, наоколу по којзнае кој пат преродена исчезнатата флора риган, рик, реа ни смртта не е вечна, ни смртта!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ми кажаа дека прво му го одзела здивот, му нанела неподносливо ужасни главоболки, вкочанетост на екстремитетите, симптоми на грчење и дијареа, нагли промени на температурата, треска, студена пот низ целото тело и на крајот, ужасни црвени мозолчиња.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како дива и пеколна фурија, како нагла градобијна бура, како надојдена матна река и облак од пламен - од куќа до куќа, од уста во уста се пренесуваше страшната и лошата вест.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Па така, како повреда при работа се сметаше повредата на осигуреникот причинета со непос­ редно и краткотрајно механичко, физичко или хемиско дејство, како и повредата причинета со нагли промени на положбата на телото, ненадејно оптоварување на телото или со други промени на физиолошката состојба на организмот – ако таквата повреда причински е врзана со вршењето на работите на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пупките ми набрекнаа од свежината на наглата разладеност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повремено добивав напади на бес, затоа што сепак тоа беше нагла промена во начинот на живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од тука гледа како од обете страни на езерото и во самото езеро кипи дива, нагла, страстна, непомирлива, слепа, отворена и смртна, бесна и упорна како неразуздана стихија - борба за живот и како што сѐ повеќе се разгорува омразата и пизмата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иако не ѝ е првпат ноќе да стои на стража, овој пат, дали поради немирот што ја опфати кога комесарот сите ги истера од топлата земјанка или поради тишината што настана со наглото престанување на вејавицата, таа почувствува некакво нејасно студенило и трпнеж.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Според Милер, најособеното формално својство на бродвејскиот мјузикл е наизменичноста на драмата и музиката, на говорот и пеењето, што не само што создава неприродно тесен спој на тие два мошне спротивни начина туку и содржи нагли и намерно дезориентирачки пресврти од едното кон другото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)