нагласување ср.

нагласување (ср.)

Обично, додека раскажуваше бавно и рамномерно, без нагласување на одделни зборови за кои можеше да се рече дека се судбински во настанот, ја стискаше запалената цигара со тврди прсти - жарчето му доаѓа до пожолтените нокти на палецот и показалецот; тој се средува за нова реченица, бавна, на исто гласовно ниво со другите зборови, пали од премалиот отпушок следна цигара.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во иднина се очекува нагласување во насока на информацијата, во насока на сканирање, не поезија и ставови.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ова посебно нагласување на терминолошката дебата што се води на англиски јазик, повторно нѐ навраќа на проблематиката на English Translation Studies, каде системот на вредности го води главниот збор во изборот на терминот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тие се алтернатива на претераното нагласување на рационалното, умственото, визуелното, во западната технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќе сум наклонет кон нагласувањето на етичкиот аспект на постмодернитетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Заслуга на културните студии е во тоа што, токму со постојаното нагласување на улогата на публиката (теоријата за активната публика, што некои ја означија како „бесмислен популизам“), постигнаа никој повеќе да не верува во потполната зависност на публиката, што на секое медиско надразнување би реагирала како програмиран робот или марионета.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Елитистичките, економските, редукционистичките и песимистичките постапки ги заменија нагласувањето на релативната автономија, отпорот на публиката, множеството значења и политиката на уживањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во овој случај, промените се изведени преку нагласување на важноста на возраста како критериум на сметка на важноста на стажот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)