наврнат прид.
наврне св.

наврнат (прид.)

Просенија последен пат некаде угоре, тоа дека беа над него го сети само по болката во преоптегнатиот врат, прошарија низ белината, која што немаше никакви други димензии освен таа вртоглава длабочина на матежот, која стануваше уште побездона од тоа, што имаше нешто во што можеше да биде впиен заталканиот поглед таму, под паднатото небо, кое не се разликуваше по ништо од наврнатата земја, се мернаа уште некој пат, а потоа врнежот се заклопи за нив и бесповратно ги скри.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секогаш се случуваше така, снегот да преврне а после или да заплисне југовината со својата блага бура, што ќе слисти барем една дебела половина од наврнатиот снег, што ќе размекне, ќе спитоми, ќе одврзе, а ќе му даде и нему доста вода за да си ги сврши сите работи, за кои беше дојден; или пак ќе дојде една од оние ведрини, ќе се изостри една таква при која сонцето ни во најцрвеното и најослепувачки огреаното пладне нема да биде во состојба да му излишти ниту една капка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И си мислам за Јона мој, за куќава без стопан, без сенка. И за нас, што се утариме ко наврнати утки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако загинам – времето ми минува со моите врсници в земи: шетаме крај море, од испокинатите знамиња правиме шамивчиња и ги бришеме наврнатите птици.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Возот влегува како меѓу намети бел снег, наврнат на јаболкниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се враќам пак на главниот пат, а воздухот ми натежнува ко испотена кожа, ко наврната облека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се врати замаен, а некој ќе му рече: Пак си дошол наврнат, ама ќе биде подобро време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја претрчавме улицата и тревникот кон нашата зграда, се втурнавме во влезот и малку наврнати втасавме пред вратата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пред тие кални дворови и наврнати копи човек посилно ја чувствува самоста и станува мрачен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)