навлажни св.
навлажи св.

навлажни (св.)

Чарлс ги навлажни усните што се тресеа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А треба водата, затоа и се борев и се изборив, за да ја навлажниш испуканата уста и потта да ја измиеш од лицето и од снагата и да ја симнеш наслагата од меѓу прстите на нозете.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дождот ништо не навлажнил, ни едно прсте. Земјата беше сува и цврста, толку цврста што изгледаше како никогаш да не била копана.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Лицето ѝ се стемни. Ги собра веѓите. Очите ѝ се навлажнија. Сигурно, во себе, плачеше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа ги навлажни само усните и го накисна едниот раб од црната шамија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК