навидум прил.

навидум (прил.)

Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЛУКОВ: (Навидум соземен, но сѐ уште нема сили да се сврти кон Младичот и да му погледа в очи.) Со кого, рековте, дека сакате да се видите?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А пратеникот навидум човек мирен, но со опасни очи и со јаки вилици, го ниже со поглед. И го остава да размислува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тогаш моиве очи на очи ме лажеле и навидум среќните зарад мене тажеле.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сети се на денот, навидум како и секоја друга (улица сосем обична малку каллив снег, замислени минувачи) кога спокојна ја наведна главата врз твоето раме.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Навидум незабележителен, ги држеше конците на играта во свои раце.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И натаму навидум незаинтересиран ме лизнува по раната и крвта престанува да тече.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Пријателе те молам одобри ми ја желбата да ти раскажам за еден настан, навидум толку безначаен и сепак за мене заради нешто необичен, да не речам голем и незаборавен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ненадеен здив на попладневен ветар го смекна да не пламне, да не ја испцуе жената, навидум старица, иако постара од него само неколку години. Така е, само луѓето, тие и ништо повеќе, можеа да бидат грешка на природата, зло, свое и нејзино.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како да излегол од кожурец: бил подвиткан, сиот во некој трепетлив грч, навидум слаб да се движи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако тежок на чекор, навидум дури и истоштен, Јаков Иконописец не можел да биде слаб во рацете додека со опнати коленици се подавал напред со вилата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малиот Мечкојад, прцулче во секакви партали, прашал кога ќе умре Јаков Иконописец и некој се насмеал (- Господи, рекол, ни децата не се веќе деца), а тој настан, навидум без значење, ги обележил триесетте и неколку години на Мечкојадовото лице со триесет и неколку брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навидум, имаа прво: широките стапала со кои самоуверено го грабаше потчинетиот простор, премногу здравата, волчја отпорност на блескавата насмевка, малите, цврсти гради што во четвртата деценија ѝ стоеја исправени како штотуку распупена девојка, таа мускулеста едрост на целото тело кое на нејзините платна со паганска надмоќ лебдееше над урнатините на згаснатите светилишта, пламените кадрици со по некое седаво влакно, што се извиваа околу лицето како змиолики фалуси – имаше невообичајан „машка“ сила за една пост-симболистичка сликарка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таму се славеше здравјето, тука смртта, но и во обете слики, светлината што се разлеваше низ фигурите и целиот предел (слична на онаа што пробивајќи се низ малите отвори на распнатите метални мрежи против инсектите, ја исполнува утробата на собата) беше како од милост небесна која го менува средениот однос што долу навидум владее меѓу ликот и гласот, меѓу предметот и движењето – блажена милувка на етеричниот Отец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Зашто, како што увидов миг подоцна, колку и да е понижувачка позицијата на тој што го спушти своето чисто колено во калта, работата само навидум е на штета на понизниот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Навидум, како да нема некоја особена врска.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Експлицитното повикување на Шагал во романот на Луан Старова ни дозволува да воспоставиме без двоумење ваков вид паралела која е навидум невозможна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неговата литература нѐ потсетува дека мистеријата не се наоѓа во детективските трилери и хорор-филмовите туку во навидум секојдневното и вообичаеното.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Фотографиите се распоредени во навидум случајни групи во металните рамки, без некој обид да се обработат хронолошки или по теми.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе