набележи (св.)
За одредно време за мерките кои веќе се набележани, нема да се допушти ограничување на консумацијата на водата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Си помислив: таа вдовица, јас пензиониран самец, се враќам во Бањи по толку години; Стојна веројатно ми доаѓа заради сите оние силни љубовни спомени а можеби и заради она мое конкретно ветување од пред војната дека ќе биде добродојдена и убаво измилувана секогаш и секаде се разбира според желбата на нејзината снага.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Рајхсфирерот ја добива мојата молба за спас на нашите сограѓани и мислам дека ќе ги уважи аргументите што тука најдов за сходно да ги набележам“. Прв се созеде Лит. „Еминенцијо, мислам дека писмото до Фирерот не го одложува извршувањето на нашата работа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)