муслиман (м.)

Сакајќи да го направат поголемо значењето на словенскиот јазик во Македонија, Словените ќе бараат од окупациониот одред да се признае за официјален во местата со Словени Муслимани – словенскиот јазик: а самите Словени Муслимани, по религиозни причини, можат да го бараат турскиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Помачно ќе може да се реши прашањето во тие места каде што има: 1. патријаршисти Арнаути, 2. патријаршисти Власи, 3. патријаршисти Словени, 4. Словени муслимани и 5. егзархисти Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука се: едни патријаршисти, други егзархисти по веро-исповедување, ако не се зборува за католиците и муслиманите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И не само тоа. На очи се подбиваат шега на сите нас – муслиманите – дури се фалат дека не сме можеле да ги налегнеме нив како другата раја – заврши Селим со своето раскажување за слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се најдов меѓу млади луѓе. Беа муслимани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Фактот дека едни гинат како Хрвати, други како Срби, а трети како Муслимани, по прашањето на смртта, се чини, не е многу битен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пред да ја слушнам неговата реакција, јас охрабрен продолжив: - Фан Ноли уште тврдеше: ги почитувам рисјаните, муслиманите, будистите, протестантите, хебрејците, атеистите... ќе ги почитувам сѐ додека прават добри и чесни работи!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Пред малку го споменавте нашиот преродбеник архиепископот Фан Ноли кој тврдеше дека и покрај тоа што во Албанија мнозинството се муслимани, не познава друг цивилизиран свет во кој преовладува, дури до рамнодушност, верската толерантност како во Албанија и во кој може да биде на чело на државата човек каков што беше тој, православен архиепископ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се случувало двајца браќа едниот католик, другиот муслиман да живеат сложно под ист покрив.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На денот на Свети Наум овде масовно присуствувале покрај христијаните и муслимани. Тие оставале многу подароци.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А ти ни беше единствениот учен адвокат, со диплома дури од Цариград, кај кој си наоѓавме дерман во небиднина, сите и рисјани и муслимани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Овде ти веруваат и муслимани и рисјани. Те почитуваат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога беше победен фашизмот, се покажа дека Татко, во градот на истекот на реката од Езерото, бранел и спасил многу борци, рисјани и муслимани вклучени во борбата против фашизмот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кај муслиманите владеело општо мислење дека животот на четворицата гемиџии ќе биде поштеден како одговор на помилувањето што го извршил рускиот цар на убиецот на рускиот конзул Шчербин.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сите муслимани во градот се држеа сосем мирно, помирно отколку во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со векови, овде, крај Езерово, рисјани и муслимани живееја во слога и во разбирање!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сите наши ученички: и малите рисјанки, од католичка и од православна вера, и муслиманките, младите д’нмевки(сефартките преобратени во муслиманска вера) и израелитките!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше пријатели на другиот брег, и меѓу рисјаните и меѓу муслиманите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Граѓанската војна на Ирачаните. Сунитите и шиитите. Муслиманите, христијаните.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи