мултимедијален прид.

мултимедијален (прид.)

Интеркомуникацискиот софтвер за телевизискиот екран му дозволува на корисникот да обработува графики, икони, звук и текст и да ги менува во брзи кооперативни или компетитивни feedback сцени или во мултимедијални игри за тестирање на умствените способности. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 77
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој универзален мултимедијален јазик меѓу другото ќе создаде глобални мрежи за информациска размена, коишто човековото однесување брзо ќе го размножат и ќе спречат многу недоразбирања.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во информатичкиот период, еволуцијата е дефинирана во термини на мозочната моќ. • Способност да се управува мозокот: да се активираат, унапредат, вклучат, досегнат невроканалите; • Способност да се реформатираат и ре-едитираат мисловните фајлови; • Способност да се примаат, процесираат, испратат пораки со брзина на светлината. • Способност да се комуницира во мултимедијален мод; да се создадат аудиографски речници и граматики.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Музички илустрирала неколку документарни филмови, а е автор и на два мултумедијални перформанси.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Тешко ми е да кажам, но, мислам дека понекогаш одредувањето на пиесите како рок или панк опери, мултимедијални проекти или перформанси е само манифестација на недостатокот на способност, како кај амузикалните, да го различат тангото од самбата или валцерите на Штраус од орото Пајдушка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)