мудро прил.
мудар прид.

мудро (прил.)

А умот пак, гледаш крева прст, мудро ти вели, ти советува како татко: Не брзај мајсторе, не брзај!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мудро е решението на Глигор. Умри надвор од оваа зандана: во длабочините на морето или во некоја бездна, слободен и горд...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе ги изедат змии, видри. Секогаш некој некого јаде. Така е тоа, - мудро заклучи Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега лежел на десетина чекори од нив, без свој човек над глава, вдовец но со три снаи и десетина внучиња, сам, под дрипава гуња, мудро насмевнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ќе се обеси кога ќе си го видиш тилот“, мудро се сети Никола Влашки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие изгледале мудро под црните забратки, очите им биле врели од страст да победуваат. Или само така му се чинело на зашеметениот поп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чанга, мудро, не се определуваше, оставаше да се искаже на крајот, не сакаше да брза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми, впрочем како придојденик во градот, без рода и блиски, ако се исклучат козите, тие туѓи организми во семејството кои со времето толку соживејаа и станаа дел од него имајќи го на ум брат ми партиец, сметаше дека не е толку мудро да се мешаме во политиката на домородците, зашто и кога ќе имаме право за некоја работа, тешко сите да ни поверуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите очи беа управени во секретарот на партијата. Тој мудро молчеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сепак, индикацијата ESQUIVONS - “да избегаме мудро и со презир” - ќе ја надмудри таа перверзна привлечност, било да е таа телесна или естетска.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Конечно го сретнав Фаерабенд во еден луксузен апартман во Петтата Авенија кој му припаѓаше на некој поранешен студент кој мудро ја беше напуштил философијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во првиот случај имаме талентиран ум кој мудро се движи кон културна синтеза, а во другиот непромислено дете...“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Изгледаше мошне мудро. Сето тоа ми изгледаше апсолутно волшебно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа го навестува на дистанца од неколку столетија; треба да се смета токму врз таа скала, вардејќи се од тоа да се занемари квалитетот на едно мошне разнородно историско траење: неговото забрзување и неговата квалитативна смисла се такви што е можно, исто така, да се излажеме дека мудро проценуваме следејќи ги минатите ритми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Орелот е поголем од мене, - мудро одговорил жеравот. – Но лебот не е пронајден со негова заслуга.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Една типична реклама покажува семејство во дневна соба додека мудро „расправа“ околу некоја нова играчка неопходна за животот да ви се претвори во рај.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Е па, одредени јазли на тоа фино ткаење наречено „ментално здравје на народот“ (или полициски: „политичко- безбедносна ситуација“) испогореа во најновиве случувања и доколку брзо, паметно и мудро не пронајдеме „премостувања“, целата чипка (а факт е дека нашето општество и односите на сили во него е прилично пипаво, фино и деликатно) ни отиде по ѓаволите, ќе останеме со она фамозно романско знаме-дупка во рацете (интересен психоаналитичарски симбол за токму конституциски недостатоци), со крпи за бришење пот и превивање рани.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но, тие мудро ги следат двете вери одејќи в петок во џамија а в недела во црква.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„ Нема сомнение дека Министерството за изобилство свршило добра работа годинава“, рече тој со мудро клатење на главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ цела Океанија утрово имаше незадржливи спонтани демонстрации, кога работниците излегоа од фабриките и од канцелариите и парадираа низ улиците со пароли што ја изразуваа нивната благодарност кон Големиот Брат за новиот, среќен живот што ни го подари неговото мудро раководство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе