мршојадец м.

мршојадец (м.)

Сите се мршојадци под тенката ципа манири. Почнувајќи од мене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа чудовиште било побезбожно од оние на иконите на килавиот Јаков: наголемена змија со куси и криви ноктести нозе, под зелени крлушки и со крилја на лилјак; главата, со мршојадска брада на работ на вилиците, се тресела а врз ноздрите ѝ лежеле магли.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На пластичните мршојадци што го прилепуваат својот одраз врз моминскиот лик.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
длабоки ископини леи нива сепак ровови железни птици бучава луѓе зелена боја лице маслинови гранчиња чизми шлемови куќарки вреќи песок писок на деца на жени плач делови екстремитети старци глави прошетка без тело мршојадци храна конзерви знамиња шарени искинати ветер вее чад пламен чад пламен куклен театар отсечени глави поле посеано мини калинки оловни зрнца искинати страници свети книги молитвеници љубовни писма парички објективи камери од небото бомби микрофони од небото храна гребаници лице исекотини раце истуткани фотографии плускавци стапала урнати мостови нејасен шуштеж радио станица не музика нејасни наредби пеплосани амајлии урнати мостови немој! немој! бело знаме Тресна на подот и повеќе не гледаше никакви слики.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Метакот имаше огромен анимозитет и кон смрдливата скотска шема, хиените, конформистичките мекотелци, музичките лигуши, медиокритетските ајвани, партиските подлизурковци, покондурените сељандуришта, дебелогазните професори и политичките мршојадци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Копилето Маркс цел живот пропагирал еднаквост, а живеел ко бубрег у лој. - Позер масонски и илуминатски мршојадец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Проклетство! Птици на небото. Камо да беа мршојадци.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)