мрзи несв.

мрзи (несв.)

Го разбрав. Го мрзеше да чита - јас требаше да го ранам неговиот ум со прикаски, да го спасам од вкочанетост и да му овозможам развиток, и пат кон иднината преку мене како преку мост.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Мори, ка не а мрзе, песјачката една, секој ден да се чешла! — се чудеа жените по чешмата и реката, гледајќи ја често да се чешла.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не бев гладен, рано беше за јадење, па ме мрзеше да се симнувам од коњот за да си го земам лепчето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Воопшто не ме мрзеше да станам и да проверам како Братољуб го објаснува во својата книга чудниот збор табу.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Брат ми Јане бетер е од тебе, сѐ уште спие, којзнае кога ноќеска се вратил, а мене ме мрзеше да одам да купувам, па сега ... ама, ај не е важно, дојди во кујната и сама снајди се.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не го мрзи да објаснува и секогаш е искрен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На друга страна, ги мрзел сите оние што себе си се сметале за авторитети и во своите односи употребувале помпезни пози или гестикулации.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Доста досаѓаш, досадна една! Ме мрзи сега да одам по наполитанки!“ - ѝ рече Ѕ на цимерката, која со лутење излета низ вратата велејќи дека ќе си купи сама.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Не беше романтичар. Едноставно, го мрзеше да престане да ја сака.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ја мрзеше да го напушти светот повеќе отколку што ја мрзеше да дојде на свет.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ноќе зјапаме во небото некако нѐ мрзи да скокаме од ѕвезда на ѕвезда и ти како помлад ѓоа ме подучуваш дека нема рампи само на патот кон среќното минато.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
После ќе се намачам да ја одлепам мастиката, а јас сум виновна што ме мрзеше да ја фрлам во ѓубрето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, Ружа продолжи да се кара и самата со себе. - Мрзи белосветски! Да не бев јас, старата колиба досега ќе им паднеше на глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мрзам мачори што не ми даваат да ги галам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)