мрзелив прид.

мрзелив (прид.)

Постојаното завивање на ветерот почна да го вознемирува, одеднаш многу важни нешта изгубија од своето значење, момчето дури не сакаше ни да размислува за нив, се чувствуваше мрзелив и сонлив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Познати се сите причини кои Duchamp ги наведуваше во разни прилики како оправдување на фактот дека Невестата „дефинитивно не е довршена”, како и пледоајето pro domo, какви често држеше, за нужноста да се биде мрзелив и безгрижен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На екранот се редеа сцени со Горбачов, долгочасовни емисии со хипнотизерот Кошпировски, кој преку екранот ги хипнотизираше милионите советски гледачи, и мрзеливи сцени од некои емисии за вкусно аранжирање на храна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Луѓето во лифтовите си ја лансираат мрзеливоста.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Племињата Arapaho и Kiowa: убав и мрзелив младич не сака да се буди рано наутро; да може да спие колку сака тој треба да убие неколку канибали со лисеста (црвена) боја на косата; на сцена повторно стапуваат магичните помошници со чија помош младичот ги убива канибалите и сега е слободен да спие до доцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Цевката пее со мрзелив глас. Ние го слушаме виежот на цевките.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се навикнав на тоа Швеѓаните да ми зборуваат дека нашите гастербајтери чуваат свињи во купатилата, Германците за валканите клозети и мрзеливите келнери на Јадранското Море, се навикнав Парижаните да ми зборуваат за југо-мафијата, а Лондонците за „усташите“ и „четниците“, трепетот на цивилизираната Европа...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И овојпат беше превкусно, но бев свесен како повторно ќе ги закочи моите и онака мрзеливи црева и при секоја помисла на ова одново и одново се препотував.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Премногу сме приземни. владееме со умешноста да се наднесеме над бездната како големите мрзеливи птици Но нив гладот ги води а не страста за летање.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јагулата што рибарот ја извади од реката ме потсети на разумно суштество склопчано во мрежата околу својот сон додека фенерот со мрзелива петролејска светлина бавно но грдо ја разголуваше. декември 2000
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
За тебе во зелен мундир За пролетните пољани цветни За полжавот што по дожд се буди За милозвучните кларинети За мрзеливиот и оној што се труди За славните химни и сонети За оној што љубов ќе понуди За старите ковани монети За оној што неправедно суди За луѓето – марионети За констелациите чудни За сладоледи во корнети... 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
„.. За мрзеливиот и оној што се труди, За славните химни и сонети, За оној што љубов ќе понуди, За старите ковани монети, За оној што неправедно суди, За луѓето марионети, За констелациите чудни, За сладоледи во корнети...”
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Вино немерено пиеја неканетите а зборовите ги одложуваа во ланскиот снег, веќе ископнати од мрзеливото молчење.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)