мрза ж.
мрзи несв.

мрза (ж.)

Повторив затоа што ушните длапки ми беа полни со неговото ситно, крцкаво кикотење. Колку од здодевност, толку и од мрза.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ти си продадена душа, вели, и за тебе уште мрзата твоја работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Подлец! Никаквец! Мрза! Сѐ!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Ама затоа ти водиш во „бутање” – се смееше татко ми. – Паметиш лани, кога овде, во Маврово, повраќаше од што се прејаде? – А ти Огне, паметиш кога зимоска, од седум дена, од пуста мрза само еднаш отиде на скијање?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
У ја најави својата мрза многу рано. Само што излезе од стомакот на мајка си, заплака сосема кратко, колку да ја исполни бебешката должност и веднаш заспа, исто како да се наоѓа во стомакот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ваквата нејзина мрза ги натера докторите да применат сосема немедицински методи.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Таа ја ширеше мрзата и во супермаркетите. Кога требаше да плати за купените производи, заспиваа сите што чекаа ред до неа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Штом се вратив од чаршија ја фатив мрзата за шија цел ден по сокак дрдорела сармата скроз ја загорела Куќата цела ко кочина не можев да отпочинам филџани стојат на масата а мрзата мрсна небањата Нервозно кренав паника и сукало дебело заигра комшилук сеир гледаше назад кај татко бегаше
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Брадата повеќе ја носеше заради мрзата да се бричи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Александар никогаш не отиде, малку од мрза, малку од тоа што му беше непријатно да игра улога на социјала која фаќа ситен ќар од пријателството со ќерката на гардиски полковник.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)