мравји прид.

мравји (прид.)

Крвта циркулира, мозокот пумпа крв, рацете лачат мравја киселина, дното станува површина, постконцептуален артизам, естетика на очај, пештерски ларпурларт. (Се враќа на нозе.) Не сум среќен што сум жив, морам да се залажувам со што ќе најдам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
7 Брчки - мравји траги на грижи преку невисокото чело; очи - претпазливи жужалци во темномодри глобови со тајни на дното, црвеникав сињак во едномесечната брада ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Исто како што социјалната организација на мравјата колонија се одржува преку меѓусебна размена на плунката, така и кај нас, луѓето, нашата социјална организација се одржува преку меѓусебната размена на говорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Врви мравјата работа околу нив. Лозјето се спушта благо надолу, и ако гледа подолго човек по вршките на лозите, што преминуваат натаму во другите лозја, му се чини како едно зелено мирно заталасано море да го дели од полето и од градот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Боцкате со револт на малите и неистребливите полни мравја киселина зелен јад, јад-бог за да ги бележите јасно патиштата кои треба да се заборават.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)