мочла ж.

мочла (ж.)

Мочла една! – и ме потчукна по глава додека минував крај него во ходникот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ја одмеркав кратко и ѝ одговорив: - Не вреди, тој е студент, за него ние сме „мрсулки” и „мочли” – а во себе си реков: Па, тебе ќе те запознавам, погледни се каква си, знаеш ли ти каков е брат ми и какви девојки се вртат околу него?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Данте се испозаљубил во некоја мочла.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)