морски прид.

морски (прид.)

Одела што одела гемијата по правиот пат и по некој ден свртел еден противен ветар многу силен, та кога ја подбрал гемијата по морската ширина, летала како некоја црпка по талазите што биле по морето.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Од ваква старомодна шега во Париз не се засмејуваат ни бронзените морски деца од мостот изграден преку Сена во чест на некогашниот руски император.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И само едно не ќе можам да ви објаснам - врискаше ли Жаклин зашто ја дознав нејзината беда или зашто ја стискав околку врат, тој врат, господа, нежен и бел како морска пена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да можат да говорат окнестите камени мостови префрлени преку брзите, бујни реки во Босна или седумте божји храма соѕидани со негови раце во различните краишта на Далмација - многу нешто би можеле да раскажат за копнежите на Аргировата душа во најубавите години на неговиот живот, кога беше полн со сила и полет, готов да ѕида и на самото морско дно, за да види светот што знае и што умее тој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Под него стрчат спили како разголени челусти, а под нив се удира и пени морската вода.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Морски бран го извишува, го ослепува сонцето што отскокнува од морето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа е време кога се раѓа денот, кога над морската пустелија отскокнува сонцето и болска во стаклените очи на обесените.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ленгерите на коработ од жал се стопиле, се скинале едрата, се урнало кормилото - морските бранови над капетанот Џек се склопиле.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Сонцето згасна на запад, во морската вода, и веќе немаше кој да ја храбри.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Грците имаат многу вода: мориња, морски летувалишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Требаше да се направи една „блиц“ посета - и еден „рапорт“ за сите оние морски одморалишта и летувалишта - хотели, кампови и диви плажи, кои што стотици илјади наши луѓе ги опседнуваат секое лето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ја оставивме зад себе Касандра, но затоа продолживме кон најубавите морски летувалишта во овој крај - кон камповите и бунгаловите на „Сани-бич“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И во пристаништето, крај морскиот брег се раѓа нашиот насушен леб.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се завиткувавме во нив, ги врзувавме со телефонска жица што ја наоѓавме во ѓубриштата покрај морскиот брег.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кратка, но каква блажена е тишината кога престануваат лелеците, кога од пред окото се тргнува грозотијата на смртта и кога на небото светнува некоја ѕвездичка, кога одвај успеваш да го доловиш тивкиот морски бран.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Веќе ни е смачено од смрзнати морски риби и само истргуваме моркови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа рече господ: да создадеме човек по своја лика-прилика како што сме ние и кој ќе биде господар на риби морски и птици небески и на животни од сета земја и на ѕверови што се движат по земјата ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тројцата донеле со себе невидени и нечуени чуда: сребрени белегзии со модри каменчиња, школки, од кои, кога ќе се легнело врз нив со уво, шепотело морето, вретенесто суви риби со отворени усти и со боја на проѕирно злато, басми со секакви шари (едно цветно поле од качунки и синолички), морски ѕвезди, презашеќерени непознати овошки од кои се дебелело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе ги фрлат женките икрите во големите морски длабочини, мажјаците им стркаат млеч и потоа заедно угинуваат обезбедувајќи си потомство...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога дошле со мирис на сол или на јод или на морски треви во косите, еден од друг погрд и сепак со чудна смиреност под русите веѓи, рекле Дојдовме од далечни мориња, бевме со синџири врзани за кораб, му отслуживме на царот, нѐ пушти болни и без заби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе