морничав (прид.)

Ќе се повлечеа во своите соби ако не станеше она што стана двапати пред тоа: по третпат гласно `рзнување се пропна на задни нозе како пред скок и удри во прерано испукнатиот таван. „Тоа чув“ , им рече непобеднички додека тие молчеа онемени од морничавост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Затворската канцеларија беше истуркана во најјужниот крај до самиот ѕид, кој како јака тврдина ја опколуваше оваа морничава зграда од сите страни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И во сматената свест буквите на Викторија се виткаа и тонеа во темната проѕирност на водата и морничавите усни, задушени од Анините гради, издивнуваат кратко, со призвук на каење и виновност. - Ана, Ана!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Една морничава волча осаменост, едно здружено проклетство на гладот, една погана стрвна заснованост околу, со која го изврзуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше една таква темничина, што се чинеше дека може и да биде гризната, а тие беа скаменети и заслушани но морничавите писоци, што настасуваа од сите страни, што ги обиколуваа со еден стеснет круг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа цврсти заби, толку цврсти не можат ни да бидат замислени кај еден таков парталав створ, удираа еден во друг во една морничава стрвност, а до него сега беше чујно дури и нивното крцкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сепак, морничавото волчешко завивање му ја замрзнуваше крвта во жилите, му ги запираше мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, сепак, на неговата најневралгична артерија- по улицата која води кон врвот „Мон Валеријан“, каде што болницата „Фош“, можеби безброј пати, и дење и ноќе, се разнесува пискотливиот и морничав звук на болничките коли, кои јурат со вратоломна брзина носејќи болни за чиј живот секоја секунда е пресудна а кој можеби, ќе им го спаси професорот Гио или некој друг хирург.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Последно што запишал во тефтерот, пред да отиде и да стане пустиник (тоа, да отиде и да стане пустиник, била негова желба) бил еден сон кој подоцна, во текот на вековите, во Потковицата станал ретка и морничава традиција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Жената не ја разбираше неговата морничавост. Ѝ се чинеше себичен, груб додека водеа љубов.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тогаш над изморените гласови, над писокот на гајдата што се спуштил и се склопил тука, меѓу нив, се разнела смеа, тешка, морничава, неовоземна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби беше полноќ, можеби сонот веќе ме донесе до бреговите на нов ден, навистина можеби доаѓаше еден понеделеник-безделник, кога морничав крик удри врз нас со тежина на даб ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Душата ѝ стануваше посува од пустината. Смртта на чедото ја будеше од морничавиот сон.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тешко некој сега да можеше да го препознае: по заминувањето на семејството, лицето потполно му беше променето, стекнувајќи морничав, формиран неземски израз. Маргина 37 75
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се вратив назад и отворив трета врата која ме изведе во некоја чудно осветлена, би рекол, морничава улица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И така, сонот на моето среќно враќање во родната земја се судри со морничавоста на идеологијата која не престануваше да ги меле човечките души и животи и се закануваше да достигне до синдром на невидено жртвување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја слушав како плаче, како шета низ куќата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Брзината на тие нозе што протрчуваат се пренесува во него како морничава гроза, се буди тоа чувство на ужас дека уште малку ќе биде изоставен од масата, сам и најзабележим во ова бегање.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во бранови трепери топлиот воздух и тишината предизвикува морничав немир.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе