морав (прид.)

Под мостот вода морава - тече и мие ранава.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Се топи бакарот во звучниот тас на езерото течејќи од сонцето кон нас но моравото небо од црниците на Радожда со пепелта своја се постила.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Морав да ви го кажам сево ова, докторе, морав!“ повика.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Грижата на совест нараснува до самоуништување, јас морав да си признаам дека концептуалната имагинација произлегува од дното на немоќта и на наследната неплодност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За мене беше неопходно да се оста­ви простор за трансформирање на внатрешната енергија, и така јас морав да создадам однос помеѓу телото и искуството на набљудувачот како оној помеѓу масата на материјалот на скулптурата и празнината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш, една ноќ наиде олуја и, кога дојдов следното утро, Елвисите беа толку уништени што морав да направам нови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Толку силно беше неговото влијание. Морав да го искоренам тој Бароузовски стил.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Додека бавно се создаваа расказите за оваа книга, морав да го продадам фолксвагенот. За само 800 германски марки.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
2. Стои на брегот морав од залезот Јалов и опустен ќе заноќи како болник на носило од горчлива трева.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ги држев сѐ уште живи во сеќавањето од разговорот меморизираните пораки на Арафат. Морав веднаш да ги забележам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред него се велеше спроти сонот и јавето Ама тој прв рече спроти јавето и сонот А после рече сонот против јавето или јавето против сонот И шуќур што јас си живеам на евкалиптус И си брстам ментолни лисја таман колку што треба А ако живеев на секвоја Секако трипати помалку ќе спиев И во долгото јаве ќе морав нешто и да работам Скраја да е секвојата и се гледа богати
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Морав да се сетам како беше. Да се привикнам на осаменоста што ме чека.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ги чекавме парите три цели недели. Јас морав да го уплатам последниот промет од Продавницата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)