монографија ж.

монографија (ж.)

По игра на случај, застанаа пред излогот на една книжарница во кој, меѓу другите книги, се наоѓаа и бројни трудови за разни врски меѓу науката и уметноста: Уметност и физика: Паралелни гледања на просторот, времето и светлината од Ленард Шлејн; Книжевноста во квантниот космос на Сузан Стрела; монографии со величествено сложените Манделброови фрактали, како компјутерски генерирани, така и фотографирани во нивните многу­бројни природни манифестирања; конечно, mirabile dictu, календар за следната година илустриран со Да Винчиевите цртежи на разбранувана вода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во досегашната историска литература: монографии, зборници на документи, архивски публикации, мемоарска литература и во разни прилози во весници и списанија, објавени во Македонија можат да се најдат скудни податоци за ова прашање и тоа пред сѐ врз база на постојната литература и скудната архивска документација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Главниот извор настојувавме да го дополниме со документи од архивите и институтите во САД, Република Македонија, Република Србија, како и од монографии, мемоари, статии и др. од прва рака, британски, американски и советски.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Веројатно. Монографија од четиресеттина странички, мора со нешто да се наполни.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Наша задача е да издадеме триесет странички монографија во која накратко, за најширокиот таргет, ќе го отслика целокупниот успех поврзан со дваесетте години, според мене, лично без никаква дилема, сосем коректно и успешно владеење на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)