молчалив прид.
молчаливец м.

молчалив (прид.)

Ко втрештена беше. Молчалива - риба!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Потиснат од она што го чу, Мече молчеше и дури не смееше ни да го погледа својот другар што молчаливо веслаше низ трските.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И, за да се одрече од она што го немаше, со пакосна радост пронајде дека е дамкава, плашлива, молчалива, покорна пред слободата трепетливост на машките.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Молчаливо чекореа. Таа имаше на себе скапоцено крзно, преку главата и околу вратот широк и мек бел шал.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одеа молчаливи и загрижени еден крај друг и го влечеа на улар наследникот на коњ нестрпливо чекајќи да се разминат со камион, луѓе, или просто, детска количка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа се молчаливи конвулсии на едно живо тело потстрекнати од глувиот инстинкт да се покорува на човековата волја дури и овде, во оваа теснина, каде што тлеат мртовците.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше напорно и возбудливо. Почнуваат со молчаливо демнење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Конзулот Стег, кој молчаливо го следи распитот, го праша: „Сте сакале да ја уништите токму Викторија? „Затоа што знам француски јазик“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја фатив за рачето и си појдовме дома. А таа беше молчалива и тажна. Тагуваше за отсечените елки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зад својата молчаливост, и натаму трагај.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Не сум молчалив.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Помлад и за една глава понизок од брата си, но многу поплеќест и молчалив, се чинеше и многу поопасен од него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Селото го напаѓаа невидени роеви влакнести муви со страшни очи кога богзнае каков солен ветар го довеа од некоја далечна земја внукот на поојникот Осип Крстин, за толку години неизменетиот студеноок и молчалив Антуш Крстин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Иако неговите соседи го сметале за мрднат, таков некаков ти бил - молчалив и спечен, грст иловица со душа, му носеле јадење, некој чорба со зеленчук, некој пастрмка со грав.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И, за сѐ одрече од она што го немаше, со пакосна радост пронајде дека е дамкава, плашлива, молчалива покорна пред слободната терепетливост на машките, пред да ја изгради таа увереност, веќе и говореше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Наредени околу тие двајца, пак молчаливи и без чувство за повремените удари на ветрот, другите чекале едниот или друтиот Онисифор да крене рака, да замавне, да удри или да убие, да се види кој е под заштита господова. Не дочекале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги следел со поглед додека не сфатил кои се тие - Чучук-Андреј и Цене Папчев, првиот недолекуван во детството од косопас, вториот широколик, првиот врзан за вториот со нема почит, вториот зет на првиот веќе шест години, обајцата молчаливи, тихи, мускулести.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Соголената черупка, крвава, исклештена и кобна, врзана во вилиците со последни нишки месо, некој, најверојатно молчаливиот бабачко од Анадол, им ја грабнал на пците и ја наместил на кол пред Али-беговата воденица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓу вжештените извици, Ева балансираше како златокос палјачо со модри очи – од молчаливото насмеано кукле ќе се расприкажеше разгалената сестричка, а пак од оваа ќе проговореше некое стармало суштество во детско обличје.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе