можен прид.

можен (прид.)

Тоа се гледа особено јасно од можните последици на востанието, кои, за наша и турска среќа, не последуваа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Членовите на Централниот комитет ретко се наоѓаат во Софија, но... ако биде воопшто можно, јас ќе сторам сѐ да успееме. А со кого сакате да се видите?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Веројатно, додека го пишувал... мислел дека со ова парче хартија ќе го потресе светот и ќе го присили да му одговори на прашањето: „Како е можно човек што сиот живот го следел својот идеал, да стигне до тоа да стане убиец на тој ист идеал?“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Глигор будно ги следеше како гаснат шумовите и потоа се вовлекуваше под одарот на Арсо и со упорност на кртица ја прегризуваше пречката што го држеше апсанџискиот свет откинат од онаа слободна широчина во којашто луѓето ја заплеткале својата судбина во нечии мрежи и ги кинат полни со верба дека има избавување и дека сето тоа е можно да се постигне. Да се излезе од овие ѕидишта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Фитилот е угаснат, фитилот е угаснат! Но, не е можно тоа! Страшно е да се чека вака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Зар е можно да паднат и да пуштат корен опасните бацили токму тука?“ и полека и сигурно во мачниот тек на иследувањето се создава во него нешто како обврска, одговорност за нешто и некоја не сосем определена виновност, што се создава од самата службена потреба да се наѕира во душите, во мислите...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И дека тоа вака беше единствено можно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Претепајте ги! - бесно викаше Мегалон, а потоа и самиот, на најбрз можен начин се упати кон маслинарниците.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ха, ха! Тоа што го бараш, не е можно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Неговото доживување беше над сите можни човечки доживувања.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа понатаму ќе биде уште помалку можно, зашто веројатно и јас ќе дојдам во слична положба, така што можеби мене ќе треба некој да ме растоварува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Многузначноста, поливалентната згуснатост на смислата на времето да ги сече сите можни духовни оски и рамнини, е предмет на поезијата и влегува во нејзината филозофија како нејзина централна составка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Таква евиденција не е можна, бидејќи со еден карнет, со кој може да се влезе во еден од влезовите на метрото, може да се вози цел ден во многу правци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како што родителот се труди да ги задоволи, колку што е можно, вашите желби, потребно е и вие да вложите напори да ги задоволите желбите на вашите родители што се однесуваат на вас.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Детството е како еден необичен, убав, долг сон. Во детските мечти сѐ е можно.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Па и како е можно да се биде со некој што се дуе, што сака сите да му се поклонуваат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се разбира, тоа беше само еден можен план да се стигне до саканиот рид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не е можно тоа... - му се затресе целата снага, го фрли торбичето што го држеше в рака и стрчна по скалите, влезе во лабораторијата, виде дека го нема, растрча по сите простории, избара, и кога виде дека го нема, праша: - Кај е појден тате?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но сосема е можно, според археолошките ископувања, Градиште да било некогашната римска населба Керамеја, која на Табула Пунтегеријана е впишана на патот од Стоби за Хераклеја, но која во голема преселба на народите исчезнала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе