мистичен прид.

мистичен (прид.)

– А што ќе речеш за овој мистичен детаљ . . . забележа ли дека дотичниот, на десната шака, меѓу показалецот и палецот, има нешто.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Да, Чанга навистина беше обземен од речиси мистичната историја на Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
После овие доживувања, до крајот на животот останал со уверување дека хемиските средства можат да предизвикаат мистични состојби на свеста и побогат духовен живот, што делумно може да се сфати и како израз на неговата личност, длабоко заинтересирана за религија и мистицизам, особено пред крајот на животот, кога и експериментирал со дрогите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓутоа, наспроти Rychlack, психологијата и AI треба да се пријатели, бидејќи сакале или не, ние сме на истиот чамец, а тоа може да биде последниот брод што плови кога ќе дојде до помирување на стриктно биолошкиот поглед на луѓето (не мистичен) со предметите на проучување во психологијата (верување, намера и смисла).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Само поповите не се реинкарнираа. Нивната потпапочна, мистична набрекнатост се пренесува од поколение на поколение.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мистичните акорди на меморијата” се метафора за националноста на Абрахам Линколн, која сега може да се искористи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јунг повлекува мошне интересна паралела меѓу поимот на огнот и потсвеста, во својот коментар за мистичните патувања на алхемичарот Михаел Маер.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можат да се создадат претпоставки за поголемата или помалата наклонетост кон мистичните содржини, можеме да се запрашаме дали Дишан ја користи алхемијата само како игра или надворешен поттик, како просто оправдување, или пак се работи за нешто подлабоко.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секако дека тие внатрешни, мошне консистентни визии со векови претставувале визионерски култови и сликари со мистични склоности.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа најнапред ќе се случи во Русија кајшто на филозофијата на марксизмот ќе ѝ се внесе неизбежната мистична содржина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така, на еден природно мистичен народ, каков што е рускиот, ќе се накалеми мистицизмот врз филозофијата, односно теоријата која ќе се повикува на материјализмот, и која на крајот на краиштата, произлегува директно од позитивизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тие зборови упорно му се враќаа, како израз на мистична вистина и на очигледна апсурдност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите верувања, навики, вкусови, чувства, ментални ставови што го карактеризираат нашето време се дизајнирани всушност за да ја одржат мистичноста на Партијата и да го спречат согледувањето на вистинската природа на денешното општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Местото каде што нема темнина беше замислената иднина, што човек никогаш нема да ја види, но во која, знаејќи однапред за неа, можеше на мистичен начин да учествува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми беше оставена во некаков семеен аманет на дотолкување татковата потрага по патот на јагулите, како наследена парадигма, со сета реалност и мистичност, небаре во проверба на времето, во кое беше свесен дека нема да стигне.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не можеше да верува дека во неговата куќа крај реката, така неочекувано и чиниш несетно, му дојде човекот што и самиот целиот живот го беше посветил на мистичниот пат на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бидејќи бројката седум за него има некое необјасниво мистично значење, тој би сакал обемот на овој негов ракопис да изнесува седум авторски табаци. Барем не помалку.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По тажаленките, Мајка небаре се закопуваше во својата тишина, го допираше нејзиното вистинско дно, пренесувајќи ја во некои мистични предели на душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По враќањето од Цариград, тој лесно запаѓаше во својот мистичен сон, тука, во вавилонското одајче во кое не престана да влегува, дури и кога се ожени и кога стигнаа првите рожби.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше некаква мистична сила која ја тераше да си оди дома, во својот мртов дом, но таа иста сила и ја задржуваше да остане во куќата, со денови да не излегува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе