мистик м.
мистика ж.

мистик (м.)

Умеам да господарам со себе, не патам од халуцинации, не сум ни мистик, ни егзотичар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Личноста на Олдос Хаксли, филозоф и мистик по лично убедување, човек чиј вид сериозно бил оштетен со долгогодишнто неизлечиво очно заболување, била како создадена за мескалински визии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А мистик секако дека сум.  Велите дека во Вашиот живот немало големи радости.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Јас сум позитивист. Би сакал да верувам во господ, но секако сум мистик.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во тоа време гравитиравме околу Галерија 7 - која беше главно собиралиште на сите анархисти, параноици, SF-фрикови, луди поети, софистицирани криминалци, дегенерирани академци, филозофични еснафи, локални мутанти, несфатени педери и лезбејки, дрогераши, идни министри, префинети заводнички, евтини проститутки, агенти на CIA, опозициони заговорници, шизофрени мистици, подздебелени циници, фантомизирани кавгаџии, трговци на ситно, дилери со дрога, забегани научници, еротизирани тинејџерки, егоцентрични рокери и турбулентни панкери, кодоши на Удба, просјаци и по некоја заскитана кокошка од соседниот двор. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 24
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Лири вели дека одвај чека да види дали тие неверојатни можности значат дека по смртта навистина постои живот, и објаснува дека отсекогаш го привлекувале искуствата на мистиците и визионерите кои тврдат дека ги доживеале искуствата на блиска смрт.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Суфистите, прочитав во една енциклопедија, се мистици кои ги потенцираат емоционалните аспекти на посветеноста на Севишниот, преку екстазни состојби, кои стигнуваат до транс.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За алхемичарите, патот можеше да се спореди со минувањето низ пустината на мистиците во претпоставена спирала се надоврза Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)