мистерија ж.

мистерија (ж.)

Се надевам дека еден ден тоа ќе се прави на улица и веќе нема да биде мистерија за која се трошат толку нерви и енергија. Ќе одиме ли?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Заедничката тага на културата што изумира се распрснува во мали единечни таги, во парченца семеен живот, во мириси на стариот мебел, во кревки импресии за мистеријата на индивидуалното, во претопени симболи на изгубената сила, во декадентни блудничења и идилично – сентиментални описи на природата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Зачудо, очите ѝ се насмевнаа, ни малку изненадени, додека ја сослушува мојата неповрзана приказна, па охрабрени, дрско ѝ велам дека снимката развиена во чудесната лабораторија на Мен Реј е само миговен отпечаток на мистеријата што, вон пролетта и зимата, постои отсекогаш.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Најголемата мистерија на праисторијата – ужива во нејзината збунетост, се повлекува на чекор од патеката, се провира меѓу грмушките и оттаму, го стивнува гласот: - Никој не знае што бил...цицач, или можеби гуштер...нема останато ни ковче од него. Освен траги.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неговата литература нѐ потсетува дека мистеријата не се наоѓа во детективските трилери и хорор-филмовите туку во навидум секојдневното и вообичаеното.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во рамките на Дишановото сугерирање на кабалистичкиот принцип, и покрај тоа, може да се забележи и алузијата на точно одредените текстови на Атанасиус Кирхер, познат германски исусовец од XVII век, теолог, ерудит и негувател на тајните науки од кабалата па сѐ до египетските мистерии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мистеријата се наоѓа во нашето доживување на стварноста кое, за жал, полека отрпнува во светот на секојдневните обврски и вообичаените улоги.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со цел Витгенштајн да се предизвика во овој случај, доволно е да се постави прашањето: бидејќи се бара на објаснувањето да му дојде крајот, зошто да му се стави крај во мистеријата на тоа како почетникот успева да постапува на начин кој фактички се согласува со практиките на заедницата, попрво одошто тоа да се стори со помош на достапниот и добро познат комплекс од психолошки концепти кои пружаат толку моќна мрежа на дескрипција и предвидување?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Основачот на манастирот св. Саб, на пример, во својот текст Мистеријата на грчките букви ги доведува во врска следните хебрејски узори: 22 букви на хебрејскиот алфабет со 22 творечки дела Господови со 22 книги на Стариот Завет со 22.000 говеда на Соломон, и Isopsephic stele со 22 доблести (retai) на Христ.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Контакт-адресата речиси е обврзувачки дел од мејл-арт работата, но постои и тнр. „еднонасочен“ мејл-арт кој често се одвива на начин и испраќачот и примателот на пораката да не се познаваат, или примателот да не го познава испраќачот; едноставно повеќе-помалку случајно некому му се испраќа некаква мејл-арт порака, и толку, не се бара фидбек; постојат и специјални случаи, тнр. „енигми” или „истраги” кога во мејл-арт пораката (или во низа пораки) се разоткрива некаква мистерија или шифра која понекогаш значи, на пример, само откривање на контакт-адресата, но понекогаш богами шифрите носат прилично дубиозни уметнички пораки (постои еден генијален „поштенски“ роман на мистериозни­от американски писател Томас Пинчон, „Објава на бројот 49“; самиот роман можеби и (не!?) може да се смета за мејл-арт, но во секој случај тој е инспирација за многу мејл-уметници).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мистеријата се врти околу виновникот за бродоломот но како од еден епизодист како парохот Чарлс Лотон да направиш главен лик?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Под покривите како да лежеа фараонски гробници во некој свет на мистерии.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Незабележително, нѐ опфати уверувањето дека неописливите мистерии вредат да бидат изразени со посветени чинови.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Однадвор веројатно допираше месечината, крем и зелена боја, и меките стогови на следните мириси: смирна, што дождот ја изнудил од дрвјата на булеварот; некои еротски видови бензин, кој придвижува одредени видови автомобили; сиот зеленчук од задишаното тло; наивната продорност на улицата; внатрешните мистерии на жените; и бесшумните пушкарања на стравот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Органицистичкиот уметник ова не го разбира, бидејќи него проникливоста, мистеријата, естетиката, уредувањето не го интересираат - за него сѐ веќе е уредено по крвта, тлото и по неговата хомогенизирана мисла.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Имаше голема мистерија во сето тоа, имаше нешто што јас не го знаев и не требаше да го дознаам – тоа ми беше јасно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
При таквиот измешан ред на случувања останува уверувањето дека со нас раководи некоја необична мистерија што умешно ја избегнува нашата контрола.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Татко, сепак, не престана клучот на мистеријата да го бара во своите книги, во единствената балканска институција врз која можеше да се задржи минатото, целото минато, освен во сеќавањето на народот, преку митовите и легендите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Писмата во кои авторот ја внел силно својата личност како да содржат примеси на трансцендентна мистерија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Навидум изгледа дека премногу невешто се обидуваме да го откриеме светот и неговите мистерии, но длабоко во нас совршено ги разбираме појавите и нивните законитости, точно онака, како некој скриен учител, да нѐ води со фенер во црна ноќ, низ безредието на мачното секојдневие, покажувајќи ни ја вистинската насока на патот, дури и во најтешките безизлезни мигови.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе