мирува несв.

мирува (несв.)

Се добива „апсолутна идеја“ на логичките категории, којашто е безлична и многулична, никогаш не мирува и чијашто природа е „вечно да се движи.“
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Место да мирува како другите новаци, тој сѐ некако се врти, се чеша, ги врзува ремењето на опанците или врвците на чорапите, го крева нарочно отпуштениот кондил и сѐ главата ја криви накај клупата во која седи девојчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На темната пружина вечерва не мирува едно движење.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Како густо скалапена сенка, пред човекот мируваше голема, метална каса.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Турците од селото Алданци ветуваа дека ќе мируваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога изоде доста пат низ таа шума од огромни дрвја, што мируваа над него, целите бели и забиени со своите стебла во снежната земја и кога беше сигурен дека тука, пред него, во следната долка, се наоѓа најголемата млака, а дирата сето време досега, како стрела право го водеше кон таму, тој знаеше дека сега ќе мора да ја напушти широката патека, по која беше толку лесно да се чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сивата плаховита прилика веќе мируваше на предниот нишан од неговата пушка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не заради себе, воопшто не заради своите ноќи, заради него и заради неговите огромни рачишта, да не почне да ги враќа пак камењата онаму, каде што мирувале отсекогаш, да неби да му удри во рогот и нешто такво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше пладне и улицата мируваше во жештината, па Зоки брзо ја виде Лидија која се враќаше од градинката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ништо во природата не мирува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И сѐ изгледаше задремано, неподвижно, божем целата околина, целата природа се вовлекле во мирување, во бел сон.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бидејќи фронтот овде мируваше долго време, војската имаше време да го изора ридот со ровови, како по линијата на фронтот така и во правец на отстапниците и пристапниците што обезбедуваше максимално добро функционирање на војничкиот живот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги оставија пушките крај себе и двајцата, со колениците собрани под брадите, мируваа загледани под веѓи кон селото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Преку нивните гради мируваа наредените фишеци во коланите, јатаганите висеа на колковите, а широките флоки и долгите пискули на фесовите се вееја на утринското ветерче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Цитирам од поглавје два: „Во природата нема тело, коешто апсолутно би мируело. Да се движиш значи да го менуеш своето место спрема средината каде што се наоѓаш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Да мируеш значи да останеш во истото место (спрема средината каде што се наоѓаш.”
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Можеби восхитот наш ги исплаши тие сини бои во прелевање што бегајќи од кафезот на восхитот залутаа еве ненадејно во примката на зборовите да говорат за убавината на летот и за осамата на мирувањето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Вџашена од неговата тајна што бавно ми се постила в очи му се радувам на летото што мирува над просторот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Проклет да бидам, и земјата и водата мируваа, дури и воздухот беше застанат и нем.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе