милет м.

милет (м.)

Тоа ли е чистота, бре пис милет, а?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Оти, господ да те чува, овие вдовиците се беља милет!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кажуваше брат му на Фета, страшен милет биле Маџарите... – А токму нив сака нашиот падишах да ги покори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Напаѓа жарје и пуза по покривачите што беа повеќе од трска и штици, и, дури да се забележи пожарот, чаршијата вивна во пламен. Му кажаа на кадијата за случајов; тој нареди да се гаси пожарот, а само длабоко се замисли: Ама пис милет, анани... ана!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува: — Бак, бак, бак, пис милет, бреј! Не сетит да гледат работата да живејит, туку матит вода во аван.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакавте да бркате мене и Сефедина со аскерот, еве уште осумстотини души ќе раѓате, дури не се умирит овој пис милет, — им зборуваше Арслан на коџабашијата и другите селани кога идеа да се плачат од зулумите на дивите Анадолци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не малку изумреа и од оваа лоша храна, но пак не се исполни желбата на Арслана да се заличи и семето од овој пис милет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Цел овој милет овде е ѓурулти милет. Гледај што направивте!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се придодаде Мире Ирчев: - Што за инсан ќе бевте, што за милет срамен?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тоа е многу сиромашен милет, не пис.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа велам, овој милет не е толку пис, колку што сега враќа, вели бегу.“ Санџак-бегот молчеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но сепак, носен врз брзиот бран што нејќеше да го запре, Сандри рече: „Можеби е и бесен тој милет, ама сега враќа, бегу ефенди.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За тоа бездруго постојат многу причини, а тука е во прв план нашиот милет, како вистинска верска нација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко покрај основните податоци за потеклото на зборот милет, разговорот го започна уште со неколку воведни напомени: Милетот, во Османската Империја, претставувал облик на социјална поделба по религиозен (и етнорелигиозен) карактер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборовите беа: 1. ајде 2. јаваш 3. табиет 3. милет 4. капиџик 5. комшија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)