меѓусебен прид.

меѓусебен (прид.)

Меѓу комитетите тогаш ќе се зафатеше погубна меѓусебна борба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оттука е јасно оти добро разбраните интереси на Турците и на Македонците им диктираат не да си ги трошат нивните сили во меѓусебна борба во полза на заедничките нивни непријатели, ами да си подадат еден на друг рака и да ги отстранат сите фактори што им пречат во нивните пријателски односи и заеднички интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знаеше дека веќе со ниедно движење не ќе може да придонесе во меѓусебното приближување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Учителот седна на работ од клупата и, откако убаво се изразвика за тоа што сѐ уште сме се зафаќале со овие меѓусебни поделби и расправии, ни рече да излеземе, а Буза и Марка ги задржа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пуштаме да правите што сакате низ царството, сега се буните што имате меѓусебна конкуренција.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во нивниот бит, во нивните меѓусебни општења, во верската традиција и празнувањата, многу нешто се задржало од паганските славјански времиња.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А вечерта, на срецелото, со главите на другите домаќинства, по долги меѓусебни разговори и откако врз основа на долгогодишни искуства ќе ги утврдеа временските прилики, сигурно дека и ова лето нема да ги изненади со невреме, ја прогласуваа жетвата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Змиулчето го најде уште на самиот почеток на самувањето. Сега, по пет години заеднички живот, имаа меѓусебна доверба како меѓу најблиски.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И во тоа меѓусебно враќање, ќе се убие уште еден војник, па уште еден - и така ќе зафати војната да се шири...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оваа ситуација на невозможност да го измениме меѓусебниот однос ме исцрпува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Големата меѓусебна искреност, во овие клучни времиња во борбата за опстанок, во овие јазолни балкански времиња кога поради нестрпливоста да се дојде до разврска по мирен пат, често се посегаше по ножот, ги поврза нивните души до претопување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Анет Гијомин, читателка, професор по историја Испишувајќи ја со фабулата на Времето на козите својата историја на балканските народи Луан Старова со сеќавањата од детството во Македонија ни испраќа топла порака за меѓусебно разбирање и толеранција која наликува на приказните од Илјада и една ноќ, а сепак шири несносна реа со натопената балканска почва.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Исто така, таа не е свесна за степенот до кој нејзиниот јазик е содржан не во апстрактните концепти и печатени зборови, туку во специфичното однесување на лекарите кои работат во клиниките, во нивните меѓусебни односи и разговорите со пациентите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Исто како што социјалната организација на мравјата колонија се одржува преку меѓусебна размена на плунката, така и кај нас, луѓето, нашата социјална организација се одржува преку меѓусебната размена на говорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Класичната филологија и компаративната книжевност, лексичката статистика и етнографијата, социологијата на јазикот (на масата) на одредена класа, формалната реторика, поетиката, студиите за граматиката се комбинирани со цел да се разјасни актот на преведувањето и процесот на „меѓусебниот живот на јазиците“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Навистина, гледано од негов агол, одбраните предмети не беа во меѓусебен однос, “кој не би бил индиференција”, поставувајќи се над секое уживање во “прикладна форма” или во точното презентирање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таквата контаминација на угледниот филозофски дискурс со книжевен текст што се смета за соблазнителен или опсцен и меѓусебната контаминација на нивните различни правила или начини на пишување, можеа да се причинат како силовити - веќе при самото „обликување на страницата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој го имаше предвид начинот на кој делата беа инсталирани; тој целосно ги објаснуваше своите идеи во овој однос, опишувајќи ја нивната позиција и меѓусебен однос, како тие треба да бидат сместени, и како да бидат изложени во иднина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како ти изгледа меѓусебната контаминација меѓу културата и политиката?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе