мешлест прид.

мешлест (прид.)

Во овој „алабак табури", како ја викаше еден од родителите оваа дружина, беше „аскер" и малиот кржлав, мрсулав, мешлест како жаба, Крсте, син на манастирскиот ѓак Петка, кој штотуку беше, се запопил, и немајќи ни волови, ни коњи, ни орање, ни копање, немаше каде да го прати сина си на работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во таа соба на човечки немири, во тоа катче со две лоши слики на ѕидот, со маса, стол, кревет, челична каса и неколку стари и мешлести кофери, лазеа по подот проѕирни сеништа, чеда на еден страв и еден кошмарен сон, лазеа вешто и бесшумно и ја чекаа својата жртва, Стојана Ванков, тој несигурен кораб без свој пристан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред плисоците, на крајот од жолтата суша во која се множеа мешлести бубалчиња што ги ослободуваа покосените и непокосените класја од зрна, по земјата се тркалаа со невидена брзина проѕирни топки електрицитет, го косеа овците по планините и луѓето по улиците, ги гореа амбарите и ги поцрнуваа куќите, внесуваа во срцата страв и болка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Земете ја Швајцарија, на пример, или Малта, Белгија, или Кипар, Монако, или Сан Марино: сѐ се тоа мали мешлести бебиња со многу капитал и тривијални проблеми; колку се поголеми интересите на разни полови на моќ околу нив, толку грижата за нив е поголема; Хонгконг, Панама, Доминиканска Република, Сингапур, Арапски Емирати, Исланд...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Имам и еден раководител на машината, мешлест човек, кој наутро ја пали, а навечер ја гаси. Другото време, со гол стомак, лежи под сенката на сливата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со машината и човек за да ја раководи, црн и тој, како и машината, и уште мешлест и, нормално, тром. Ја сместивме под сливата, на десеттина метри од бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Постојано некаде криеше и леблебии и од оние шарени мешлести бонбони, црвени, со бели пруги.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Немал затворено дно, туку херметички продолжувал во вратот на мешлест сад наречен кукурбит, кој ја содржел течноста за дестилација и делумно бил вкопан во песокот на атанорот, поради порамномерно загревање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)