метанисува несв.

метанисува (несв.)

Старешините молеа, преколнуваа, метанисуваа да не се пусти селото, да им остави срок од пет-шест, десет дена, да толчат глави, да продаваат, да се заборчуваат, да соберат нешто пари, нешто стока, да се откупат, но ништо не помогна.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го разгледаа камениот иконостас, запалија свеќи, Миклош се крстеше и метанисуваше, и тогаш синот на Пајко го втренчи погледот на ѕидот, каде што беа претставени Волкашин и неговите два сина, од едната и од другата страна, како го крепат, небаре две крилја на неговата изнемоштена става.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Метанисуваме само на пладне и кога треба да нѐ види некој, дали Турчин, дали кодош, а кога ќе дојдат нашите рисјански празници кога не се работи, се преправаме на болни за да не мора да работиме.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)