ментор м.
менторство ср.

ментор (м.)

Истовремено, Бодуен-де-Куртене му беше еден од менторите на Мисиркова при изработката и одбраната на дипломската работа (1902), а исто така се залагаше тој да биде оставен на постдипломски студии на Петербуршкиот универзитет.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во меѓувреме, во овој универзум (го цитира својот некогашен ментор кожа крај кожа), ‘квантната теорија е пробабилистичка во предвидувањето на дадениот исход во некој одреден универзум, но е детерминистичка во пропишувањето на оној дел од сите универзуми во кој доаѓа до тој одреден исход’.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Јас бев ментор на овој интересен труд заменувајќи го познатиот романист Антун Поланшчак.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така што, на испитите пред менторот и комисијата, Миха мораше многу да внимава и максимално да се совладува кога одговараше на прашањата од старата школа да не му се провлекуваат и одговори од новата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Колку што чувствуваше неговиот професор и ментор дека му се измолкнува од рацете, толку повеќе Миха уживаше во својата слобода, кога барем ќе ги одбира оние авторитети, свои авторитети, на местото од оние што му ги наметнува фамилијата и кариерата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)