меморандум м.

меморандум (м.)

Тие два меѓународни акта ни обеќаваат постепено раширување на реформите во Македонија и со тоа ни даваат право да се обраќаме до двете реформаторски држави со меморандуми и по други патишта за да им укажеме на нашите религиозно-национални и економски нужди, како и на тоа што го прави Турција, за да се исполнат тие наши нужди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На пример, својата спахиска куќа ја обиколи со земјен бедем, од кметовите формира цела војска, која ја облече во специјални униформи, и, што е особено интересно, со домашните контактираше исклучиво со посредство на „меморандуми“ - така тој ги нарекуваше своите писмени наредби.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во меморандумот на капетанот Морган од 19 март 1943 година за воената мисија во Македонија меѓу другото се осврнува и на “комунистичките и македонските автономистички групи на отпорот кои се особено интересни во однос на незадоволството од Бугарите“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Убава вест ни носите! рече генсекот загледан во кожниот црвен омот во кој беше копијата на текстот на пораката од претседателот Мојсов, преведена на француски јазик, на меморандум од амбасадата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)