мед (м.)

Ако л' в кашти дојдит Турчин него да дочакват с мед и млеко, с слатки думи и него да служит со што искат, с какво искат и с вино чрвено.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
СТОЈАНКА: Многу арно, чичо Арсо. За мила убавина! Зрното слатко како мед.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во салонот, покрај левиот ѕид, маса покриена со чаршав на која се ставени три леба, подредени еден на друг; две нови шарено водени стомни со вода; чаша со мед; авланка со вино и здиплена шамија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Каде те слушам кај што говориш, санким мед ти тече низ устата. Блазе!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ами сега ќерко, немам повеќе што да зборувам, ми го пресече зборот како со мед, со тоа што рече: „Лошо — арно како што ќе рече мама“. Блазе...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Го долижа медот, неначнатото парче леб му го фрли на кучето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Петко пак, како манастирски слуга, ѓак, му носеше на владиката мед, ореви, сирење, маст од манастирот; го придружувале на враќање до Битола, бидејќи владиката неколку лета летуваше на овој нов манастир, та и тој беше познат во митрополијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Маст, сирење, сланина, колбаси, јајца, мед, па кога по појадокот Митра извади и јаболка, круши и ореи, — изненадата немаше крај.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Mope — нова млада невеста; море — питулици со мед; море, — кубаси со сланина; море — топли булиња!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Закачил царско лавче на шубарата. Царот го фали, војниците од мед и ореви ги почестува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И султанот во срма би ја облекол и со мед би ја поел. А во грлото злато ѝ ѕуни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа таа замина накај човекот. Замина, или за да отстапи, или пак за да остане сама, една здивена мршарка чие огромно тело уште одамна не биле во состојба да го држат сито ни дивите плодови, ни мравките, ни медот од шупливите дрвја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ооооууууууу, ооууу, ооууу... А по сиот него, продирајќи и во најситната пора во неговото тело, натопувајќи ја секоја келија од него, пребликнуваjќи во секоја празнина од неговите болки, заплисна еден бран од некаква чудесна топлина, која што можеше да биде и болна но која прилегаше и на некакво наситено заплиснување со мед. Оооооооуууууууу...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По сочната и убава детелина летаа пчели и збираа сок за мед.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ќе го затруете детето. Мед треба да му давате...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Медот е лек за сите болести; нема болест што не ја лечи: тифус, офтика, дизентерија, гушоболје, малокрвност, болки на срцето, на џигерот, на жолчката, на бубрезите, нервни заболувања, настинка, ревматични заболувања; го регулира притисокот на крвта, помага при несвестица, слаб вид, астма, ја штити кожата од лишај, красти, првут, струпци, спречува труење, зарази, уништува бактерии.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога умрел Александар Македонски во походот на Индија, војската - за да го пренесе нераспаднат во татковината - го ставиле во буре со мед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јаков со змии во косата, свет дух во очите, Јаков што пие роса и јаде див мед, ја маѓепса Кристина која можеше да заведе било кој конзул, зборува француски и грчки како мајчин, Кристина која везе ѓерѓев и јаде од сребро, а татко ѝ тргува со камили по Африка и Азија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Па после сакаа со мед да ме мачкаат по образите. За да бидам благ со жената.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе го пресечеме дрвото и ќе им го земеме медот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе