матеница ж.

матеница (ж.)

ТЕОДОС: Матеница! Мижи да те лажам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КУМОТ: Јас сум рекол и пак велам; со деца матеница не се срка, оти ќе те испрскаат! (Гласови од младите: Аааа... не ги бендисува — старите со старите, сакаат помешани со младите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И, како што се вели за некого дека откога ќе се попари од млеко потоа дува и на маштеница, така по оваа случка и Фигаро почна да бега дури и од мувите!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потоа донесоа едно чиниче со урда, турија маштеница и сите тројца седнаа да ручаат.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Јогурт? А што е тоа? - праша дедо Иван. - Градска матеница, - рече Бојан. - Само погуста, и не ти даваат да пиеш колку сакаш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога им беше сув лебот, летно време кога имаше матеница и пресно млеко, дедо му често го дробеше, па така, натопен во матеницата или попарен со врело млеко, лебот се изедуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во мали грнчиња беше налеана матеница.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кој ќе се попари од млекото, ќе дува и на маштеницата, потфрли Сугарев отстрана и разговорот се сврте за положбата што настана по неуспехот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Дури има вода, ќе има и маштеница, вели Јон, оти млеко имаш колку што ќе ти дадат козите, вели, а маштеница колку што ќе туриш вода, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Да оставиме малку и за ужина, му велам на Јон за да не викнам од болка. Маштеница има малку, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Види мрави да не влегле во маштеницата, викам, од мравите побрзо ќе зоврие, ќе се скисели, викам, мрави, викам, мрави, мрави, од секаде мрави: во очите, под кожата, во маштеницата, види во маштеницата, викам, а Јон ми се одѕива, не слуша, а ми се одѕива, а мене сѐ ме боли и ме онеспособува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Која маштеница? — Таа што требаше да ни ја донесеш... — Што, не ви ја донесов? — Остави ја за другпат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Грнците ни се полни со маштеница, велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Како бидувало така, вели мајка, барем по една чаша маштеница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога дошол, што да види: мешината со маштеницата дупната, млекото што било во кацата за биење истурено поземи и сите каци наполнети со брбушки од овците.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дојдоа како потурени со маштеница, зашто знаеја што се случуваше изминатите денови и, особено, онаа вечер во дуќанот крај мостот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И навечер кога црниот мрак, како наеднаш да го голта селото, се издига чадот од оџаците за кратко, додека вечераат и пијат матеница.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Имавме десетина овци и кози и произведувавме сирење, но ние јадевме урда и матеница, а сирењето го продававме за речиси ич пари...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК