математички прид.

математички (прид.)

Хемијата што ме мачи сега тој ја решил строго и едноставно, со математичка сигурност на култивиран и припитомен вепар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Записот на последната средба на мајка ѝ на Цветаева со пијаното, не ќе имаше смисла доколку таа по еден друг повод не рече: „Песната само тогаш е убедлива кога ја проверуваме со математичка (или музичка, што е исто) формула...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Напротив. Внимателно проследувајќи го научниот приод кон поезијата и исклучиво од аспект на одредени математички анализи, Соломон Маркус доаѓа до следните значајни заклучоци: - поетското дело е отворено и никогаш не е упатено само кон еден; - поетското дело е изложено на отворена и бесконечна метаморфоза, и тогај кога неговиот рецептор не се менува; - поезијата е носител на континуелна бесконечност на значењето; - поетското значење е рефлексно, инволутивно.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сеедно што математичката поетика сѐ уште не е во целост конституирана научна дисциплина, фактот дека денес науката се бави со математичкото моделирање на поетскиот јазик и фактот дека веќе алгебарски структури толкуваат поетски структури во најмала рака – вознемирува!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Да се присетиме просто, во груби црти, на фактот дека револуцијата на идеите, резот - „епистемолошки, како што се вели - чиј што најинтензивен момент можеме да го врземе за времето околу 1913. година, во метежот што го донесе, како во областа на математичките и физичките науки, така и во подрачјето на сензибилитетот, може во повеќе од еден поглед да се спореди со климата во времето 1480-1500, помеѓу крајот на средниот век и почетокот на ренесансата, помеѓу опаѓањето на средновековниот хуманизам и премисите на една нова култура во која се мешаат, во единствен синкретизам, томизмот и неоплатонизмот, емпиризмот и номинализмот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Според тоа, во сите хипотези, математичкиот симболизам е плод на една секундарна елаборација, која претходно ја претпоставува употребата на дискурсот и можноста за сфаќање на експлицитните конвенции.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Токму тука е она што Гедел го открил користејќи го математичкото резонирање за истражување на математичкото резонирање.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со компјутерите се компјутираат алтернативните ‘светови’, сѐ што е можно математички да се пресмета всушност и се „создава“.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Математичкиот симболизам е конвенција на писмото, скриптурален симболизам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто и самото создавање на идеални творби, на пример, математички, изискува, како што тврдеше Хусерл притоа не извлекувајќи ги сите заклучоци, вклучување во она што тој го нарекува “духовно тело” на пишуваното.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа математичка „интроспекција“ се покажа крајно плодородна и нејзината можеби најбогата импликација е токму откритието на Гедел кое е познато како Теорија за Некомплетност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ја губи врската со пријателите од Кембриџ, а Расел во фуснотата на „Воведот во математичката философија”, која е објавена 1919 година, признавајќи дека на важноста на поимот на тавтологијата за дефинирањето на математиката му укажал „мојот поранешен ученик Лудвиг Витгенштајн”, додавајќи дека не знае дали Витгенштајн го решил проблемот на дефинирање на „тавтологија”, „или дали е воопшто жив”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Криминализацијата на дрогите носи големи профити, колку и апсурдно да звучи, старата добра логика со помош на проста математичка операција наречена статистика ќе ни докаже многу лесно дека пазарот на дроги е регулиран токму од оние центри на моќ кои водат цели кампањи за борба против дрогата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Математичкиот модел што ја опишува работата на фракталите се нарекува Сиерпинска подлошка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со новите технологии може математички да се визуелизира поим што реално не мора да постои.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во нивните нацрти, токму како и во синтетичките компјутерски слики, доаѓа до израз „математичката свест“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со тоа математичкото мислење направи одреден чекор назад кон анализа на системот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Формалното математичко мислење, значи, навистина може да осознае сѐ и ни нуди модели според кои сѐ може да се направи: така станавме сезнаечки и семожни.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој забележува симултана зависност од математичката хармонија, пропорциите и редот во старогрчката ‘уметност на војување’ како и во уметноста и архитектурата, и заклучува дека војната е најважната „тема“ во старогрчкото сликарство и вајарство, како и структурален принцип во архитектурата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поголемиот дел од неа беше здодевна рутина, но вклучуваше исто така и толку тешки и замрсени задачи, што човек можеше да се загуби во нив како во длабочините на некој математички проблем - деликатни парчиња од фалсификат, во кои немаше од што друго да се раководи освен од познавањето на принципите на Ангсоцот и од сопствените претпоставки што е тоа што Партијата сака да го каже.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе