мангал м.

мангал (м.)

Собата е послана со ќилими. На сред соба бакарен мангал.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Сламарица, мангал, стар можеби како и Адам, мало како детска играчка масиче претрупано со клешти, чеканчиња, клинци и конзервени кутии со боја и туткал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Седнаа крај мангалот да се греат и Бино почна да го напаѓа Дима што се погрчи: — Зошчо бре, Димо, зошчо го направи баре ти тој магаршчилак?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Седиме тројцата згрчени над разгореното мангалче и чекаме да зашушкаат над нас крилја на диви пајки, да шлапне водата од нивното паѓање.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чираците пред дуќаните ги распалуваа мангалите. Така е редот. Кога ќе дојдат мајсторите, треба да се огреат..
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мажите купуваа за мангалите дрвен ќумур.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
(Го гаси мангалот. Ја прска Вера по стомакот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Уловената риба рибарите ја печат веднаш во мангал, во кој има зажарен дрвен ќумур, а кој се наоѓа во самиот кајак.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе го искапам и ќе го топлам над мангалот, полн со разгорен дрвен јаглен.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мангалот на средината од собата е згаснат и запретан во пепел.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го нема мангалот, го нема жолтиот човек со окалките, а нема ни запрежни коли за да се нафрлат пљачките во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во одајчето јанови со исправени перничиња, среде одајче бакарен мангал, на прозорчето двојно перденце подврзано со бели кордели.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На сите платна беше исликан ентериерот на Сарајот, долапите и мусандрите, вратите и таваните, џамовите со тешки пердиња, ковчезите и каселите, ибриците и мангалите, килимите со необични шари-арабески.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Непомирливата Катерина! Беше како пузата во мангалот на дедо ми, преполна со скриени жарчиња!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А сега домарот пред него гласно размислуваше дали гостинот што слика ќе остане две - три недели, или цел месец па и два, и како да си помине тој, па и домарот покрај него, само со манастирски грав, еднаш во седмицата зелник од селото, па и некое јагне ако се згоди празник, да не ги сметаме тука: домашниот леб што го месеше и го печеше невестата во селото двапати неделно, биеното сирење на маша над мангал, низите суви пиперки и солени циронки, како и бинлаците вино и ракија дарувани на манастирот од останати верници, за светците не за грешниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но кога навечер ќе рошнеше со машата во мангалот, пеплосаните жарчиња кратко вивнуваа, небаре некоја невидлива сила ги враќа во живот пред да умрат сосем - е, тоа беше сосема јасен знак како ќе изгледа неговиот крај.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мангалот среде соба, иако изгаснат, му го осветлуваше лицето со блесокот на своите метални рабови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А во сарајот дедо и бегот седнати покрај мангалот во разговор дочекаа зора.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе