мамин прид.

мамин (прид.)

Имаше нешто толку топло и нежно во маминиот глас и така слатко приспивно, и јас заборавав на сите задачи од математика, на сите домашни и заедно со Ели се занесував во сладок сон.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Ми студи, мамо, ми вели устата мамина, многу ми студи, ми вели. Одам до неа, ја пофаќам по обравчињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Добро, де, - помирливо рече Мечка, - што знаат овие мамини галеничиња што е тоа Дом?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Кој ќе се тепа со мене, а? Ајдете, мамини галеничиња! Јас чекам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На ракетата не можеш да имаш солен ветер, сино небо, ни жолто сонце, ниту Маминото готвење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Проклетници е наменет за бедници од возрасни сѐ до малолетници за татини и мамини галеници за газди и крупни стопанственици
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)