малина ж.

малина (ж.)

Не личеше на весел, пламенест сок од малини.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Погледни, тој е без облици, неговата крв не е сок од малини.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Влагата ќе стори крвта да заприлега на сок од малини.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- А таму има и малини. Јаготки, малини - избирај!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На овие пазари најмногу имаше овошје, а се продаваа и јагоди, па дури и малини, одгледувани под стакларници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Чудно мирисаше - како внатре да беше помешан сок од кајсии, боровинки, капини, малини и манго. - Што е тоа манго? - праша Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја гледа Милчо како го лиже сладоледот кој се црвенее, веројатно е од малина, па и тој инстинктивно подголтнува.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ајде, по една малина! Јас честам, а потоа сите кај мене.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Две сочни, бели куполи со пупки малини.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неговата батериска лампа ги фати и ги проблесна со живот, виножитата отскокнаа одново пополнувајќи ги сенките, со бои на сливи, малини и грозје, со боите на пресечен лимон и небото од кое облаците се одвеани, а синилото одново се враќа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Чоколадна декаденција”, возврати Френк со предлог, „со прелив од малини. Ух ох...“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Јагодите, телешкото, малините, компирите, боровинките и... на прво место е грозјето.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Опкружен си со бамји ко пиперки, целер ко диња, црн патлиџан ко тиква, малини ко јагоди, јагоди три у кило, лук ко цитрон, цитрон кило и пол...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Прво она дава јагоди, после малини, после боровинки, после капини, после грозје.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Капки со вкус на малини како кога си заминува летото. Капки со едно име – убавина.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Не ни е недостижно тоа тиркизно небо, ново изгрејсонце, бакнеж со вкус на малина, хоризонт со боја на циклама, ново заљубување и надеж за убав почеток.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потем сал туку се излежуваше по дома, си остана младоженец без невеста, едно време се пушти глас дека станал акробат и ноќум одел по жица како месечар, филистејците се такви, на спасителите им подаруваат осаменост, им го нудат и кошмарот на заминувањето од родната грутка – барем сега не се талка со месеци по морињата до Австралија и Нов Зеланд, а ако е до пустини и таму има пустини, но децата таму не чуле за прачки, не виделе дренки и шумски малини, децата таму се далдисани во компјутерски игри.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И седенките, кога чупите од село се собираа и со шега и песна плетеа чорапи, фанели, капи, нараквици и малини, а беќарите - мајтапчии, вртејќи синџирче на прст, ги задеваа оние девојки кои имаа фрлено око. И тоа беше дома...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Да запамтиш, Циљка, дека ти си борец... - Во малина... - рече некоја и сите удрија во смеа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се поднамести. Со лесни движења на дланките ја поправи долгата црна малина и врз неа нафрлениот шајак подрабен со црвени реси и мониста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)