малакса св.
малаксан прид.

малакса (св.)

Ја крена раката во која го држеше јатаганот устремен кон местото од каде што дојде пукотот, но неговото тело, колку да беше крупно и силно, малакса.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но едно време Мартин почна да малаксува, а и носот му се раскрвари.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Часовите минуваа бавно. Рацете му малаксаа стискајќи ја пушката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
РАЈНА: Умираа кај мене в село. Правеа леб од дабови жирови. Им отекуваа нозете, им малаксуваа телата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ѝ ја земам главата, ѝ ја пикам в пазуви, ѝ го бришам лицето што малаксува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нозете ги собирам во мевот, рацете ми малаксуваат, откинати ми се.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Преку пантолони ми го фати како кога докторката ќе ја фати пумпата од апаратот за мерење притисок, ме стегна неколку пати како да сум некоја молзница и мене толку ми требаше – почувствував како малаксувам од изџвркување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во таа долина со бели грмушки пена божем не замрел вик божем не малаксал од.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
4. Стрвна спирала Штом премногу претскажуваш стрвна астрална спирало милост имај за трпеливите за лифчињата на душата врз коишто го истураш штедро твоето мастило моровата моќ, индигото од тебе зависи дописот со небесата ритамот и римата, или и ти не можеш ништо кога густината се ретчи комплексите малаксуваат согласјата се упростуваат - само Отецот сам самцат стихува сушноста – сушта суштина суштествено суштествува всушност, меѓу четири ѕида стисната слободата ѕирка, се ѕвери нагоре, а таму (уууууууууууу) сѐ се движи во обратна насока гледано одоздола ааааааааааааааааа: или времето оди наназад или човекот е свртен наопаку опак Закону, злорад Реду приказание, Име имаш ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пред тоа малаксал демнејќи колку валцери може да издржи мочниот меур на Сигмунд Фројд пред да си ја дувне од Виена без да се збогува со своите сестри и без точно да се утврди требен ли е толкав масраф за едно обично ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)