макадам м.

макадам (м.)

Братучедите ги закопаа нозете тука на место и не мрдаат- Србин се тегави колку што може и не може, а Шишман како камен се вкопа во макадамот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Стојам кај Сујтлакот, пред Првомајските празници. Сакам да проверам како врват работите и дали валјакот ќе успее да го израмни и набие макадамот што води над градот, до местото за прошетки и излети.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А да не спомнувам дека сенката до тебе и не беше само привид туку Елена, Твојата Лена што јаваше на атот по распеаниот макадам на ослободениот град!? (Чудесен дар на сончевата неисцрпност).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
За малку ќе паднел врз змијата што се виткала на макадамот!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тука завршува нерамниот селски макадам и се врзува со тазе посланиот асфалт. Црн е и се чини дека сѐ уште е топол.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Свртивме лево, го прегазивме селскиот макадам, ги растеравме кокошките од крајсокачните буништа, и откако нѐ излааја речи сите селски кучиња, излеговме од селото и го фативме многу добриот пат. Камен до камен, локва, кал – не измеривме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некогашната улица – макадам – ја нема.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Круме Волнаровски влезе последен во службениот автобус, кој веднаш потоа почна да се одвалува де лево, де десно, по макадамот ишаран со вирови вода.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)