лупне св.

лупне (св.)

Чекај го синко! - рече баба му, го лупна по обравчињата и го испрати в бавча да си игра.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Милка ја лупна надворешната врата, потоа влезе во собата, си ја остави чантата и си го слече палтенцето. Потоа отиде во кујната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Толе вечерта го најде гајдарџијата Колета, му лупна неколку тупаници по нос и по рилка и му се закани дека ќе го заколе, како пиле ако и до недела го направи истото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Супата веднаш ќе биде готова“. Таа го стисна црвеното копче на кујнскиот пулт и десетина секунди подоцна нешто тапо лупна на гумениот приемник. 53
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога еднаш се најде внатре тој со тупаница лупна врз копчето со број „1“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Милка ја лупна надворешната врата, потоа влезе во собата, си ја остави чантата и си го слече палтенцето.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Него ти имаш ли намера да се жениш? - го прашав ко од пушка Тогаш Шољич ја лупна чашата од маса, отиде до дивидито и неочекувано ја рокна „Ерген одев мајко поарно ми беше” , а атмосферата во дневната набрзо се вжешти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тие на долго и широко расправаат со речникот на кец и двојка и како само за една утакмица ги заебал некој второлигашки анонимус со кој доколку го фателе ќе затнеле некоја од дупките во семејниот буџет или би ги лупнале истите пари на сингл па би ќариле дупло кеш со што би избуткале уште некој месец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)