лој (м.)

Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Арсо и Глигор ги втераа во соба што мирисаше на скорни и лој.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беа тоа едни големи фишеци, полни со црн барут и со една затка мечкин лој меѓу барутот и зрното, направено од чисто олово.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па како да се снајдат вашите музи во скопската слама и лој.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СТЕВО: Еднаш да се најдеш на прво место во право време, целиот живот ќе го поминеш како по лој.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во овие гостилници, се разбира, се среќава сета ориентална кујна во нив, главно, мириса на лој и овчо масло.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не е точно дека во Истанбул мириса само на лој, на овчо месо и на пастрма.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како пред него да беа сите оние порочни грозоморници од времето на некој негов кој знае кој и каков дедо што со браќата донесол од прекусвет, од некој град на Турција, проказа, порочни грозоморници: сипаничави измамници со преостри ноженца под антериите, грешни старци со мирис на лој во брадите и момчаци со навики по кои лудуваа тие старци, цицачи и голтачи на ашиш, просјаци што ноќе стануваат убијци за дупнат грош, играчи со зарчиња, продавачи на деца и крстени девојки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Биле начнати, крастите не можеле да им ги излекуваат ни со стопена лој од зајак, ни со лист од тегавец, ни со бајачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти не би требало да живееш по хотели! ]е те запознаеме со богатуните и ќе живееш како бубрег во лој.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бевме неколку девојчиња, измесивме баници но со лој.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Да, тој го стори со автомобил, му даде кредит, но каков кредит! Да ти ја исцеди сета лој!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На дванаесетата страница следуваше практичниот запис За варење самварен сапун...се зема 10 килограми чист лој се клава во казанчето а после се зема 2 литри и ½ вода и се растворва во водата 1 и ¼ камена зода и се турва од таја размлачена вода во растопениот лој и тоа се кува еден сат после еден сат се турва уште 5 кгр и цела вода се остава да вари 2 сати а сетне се фрљае 2 – 3 грсти сол...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа придонесло да се развие сточарството и да се развие месарската „индустрија“ (пастрма, лој) и заедно со тоа и трговијата со овие производи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но тие и така мадро си седеа да не носат модро: знаеја дека прават хумор во бесконфликтно општество, беа свесни дека можат да ја критикуваат само соборената класа и дека нема ништо смешно во новата работничка што се регрутираше од селската сиромаштија, им беше укажано на недопирливите теми и имиња - сето тоа тие го имаа во малиот џеб, па сепак од некаде вадеа хумор, од ѓон цедеа лој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вреќи жито, грутки шеќер, сусам, слануток, ориз за пиљав и сутлијаш, ќупови масло и маслинки, суви плодови во кошови, сливи, урми, смокви, а потаму и грниња мед, лој и овча маст.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бубрегот најчесто се поврзува со синтагмата „како бубрег во лој”, значи дека твојата личност се наоѓа во благосостојба, во една завидна ситуација...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Копилето Маркс цел живот пропагирал еднаквост, а живеел ко бубрег у лој. - Позер масонски и илуминатски мршојадец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)