литар м.

литар (м.)

Би испил аператив, сендвич со сланина, и би изел литар добро бургоњско вино.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но затоа тие беа повеќе товарени на грбовите, а плус Ѓузеповиот товар, секој од нив држеше в раце по еден балон од десетина литри.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Обете акумулации, со околу 260 милиони кубни метри вода, секоја секунда ќе даваат по 7.500 кубици вода за пиење, а тоа значи дека населението на Црноморието, кое брои 1 милион жители, ќе добива просечно на ден по 650 литри вода.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Замислете ги крводарителите! Познавам човек што педесетина пати дал крв! Собрано вкупно, над дваесет литри крв!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И никој не овчи кола, никој не расточува за да ја натовари со греди, со платици, со плужици, со литри, со страки, со рала, со плетени кошови за Полјаните.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога бев млад ги немаше овие проклети литри.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Барменот наточи две половини од литар темнокафеаво пиво во дебелите кригли што ги исплакна во една кофа под шанкот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Никогаш не сум слушнал за нив“, рече барменот. „Литар и половина литар - тоа е сѐ што служиме. Чашките се на полицата пред тебе.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зборуваат само национално, национално, како да не сме луѓе, како да не јадиме леб и да не пиеме вода (мене ми зачука срцето), ние треба да се најадиме, вода да тече, а не да ни ја крадат, трактори да купиме, крави млечни да донесеме, кози алпина раса што даваат седум литри на ден, та за нација, пак ќе сме нација, ебати нацијата!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На дванаесетата страница следуваше практичниот запис За варење самварен сапун...се зема 10 килограми чист лој се клава во казанчето а после се зема 2 литри и ½ вода и се растворва во водата 1 и ¼ камена зода и се турва од таја размлачена вода во растопениот лој и тоа се кува еден сат после еден сат се турва уште 5 кгр и цела вода се остава да вари 2 сати а сетне се фрљае 2 – 3 грсти сол...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Списокот не е голем: суви пиперки, јогурт, младо лукче, фиферонки у пластично шише од литроипол, ракија у исто шише ама од два литра, рибизли, овчо кисело без овошје, шампити, добри вишни...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
За љубовта која што многу ретко има среќен крај и за машката тага растопена во литар со литар (смедеревка&кисела).
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Така, согласно овој закон правното лице може да врши исплата на следните надоместоци: •  регрес за годишен одмор (К 15) најмногу во висина на просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за периодот февруари- април 1992 година; •  отпремнина при заминување во пензија најмногу во висина на трикратен износ од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; 9.  Просечна исплатена нето плата по работник за месец ноември 2009 година според Државниот завод за статистика. 184 •  исхрана на работниците во текот на работата најмногу во висина од 25% од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; •  дневници за службени патувања во Републиката во висина од 8% од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; •  дневници за службени патувања во странство во висина на износот утврден со Уредбата која се однесува за органите на управата и •  надоместок на трошоците за користење сопствен автомобил за службени цели во висина до 25% од цената на литар гориво за соодветното возило по поминат километар (чл. 6 и 7, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Секој ден има да се раѓаат клонирани деца кои на 3 години ќе дигаат тегови од 150 кила, ќе тепаат диви свињи со голи раце, а на 9 години ќе маваат по литар Балантајн.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Литро бензин достигна колку 2 литра пиво. Таксито стана луксуз за елита, но затоа точаците останаа со иста цена. Единствениот најисплатлив превоз во крволочното материјално животарење. ***
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тоа е сигурно поинтересниот дел... - се насмеа Томо, кој веќе го порачуваше вториот литар црвено вино.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК