лисник м.

лисник (м.)

Беше си пригодил сенце, шумичка за овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Лисник правам, му велам, лисник и прав да се направам. 193
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Слушај ваму, Велико, ми вели Дуко Вендија. - Слушам, браче Дуко, велам јас... мислам дека нешто сум згрешила во редењето на лисникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Зошто ти е тебе лисник, вели Дуко Вендија. - Ами, да се најдам во работа, велам, колку да се смешам со народот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, се исправив некако, небаре лисник, неисцедено алиште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)