лилјак м.

лилјак (м.)

Бев сигурен: сонцето виси на синџир и ноќе се крие од страв пред џиновски лилјаци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нашата печалба некако стасуваше да се преранат браќата; продававме лилјаци уловени со мрежа в дувло, носевме крст на покопите, некои крадеа, некои веќе питаа по гробиштата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Молчеше. Лилјаците ниско минеа, итро кружеа со шум и со танко цивкање, летаа над нас како фрлен камен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сливите, крушите, кајсиите, ѕенѕерите во даскаловата градина се променија во бело, јаболката и праските во црвено, а на сето тоа — лилјакот го покри целиот осој со своите антерии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се стемнува - тоа го знам зашто низ неколкуте симетрично распоредени прозорци помеѓу драпериите навлегуваат монструозни лилјаци и летаат секогаш подалеку од оние осумнаесет сребрени шандани со запалени свеќи од бел восок.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беа нема поворка во мракот. Со нив и лилјаците се изгубија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И уште: над нивните глави прелетуваа лилјаци. Во грлата на малите животинки прскаа жици, се дробеше ситно стакло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На голема метла жолта лилјак мудар сегде лета, орли голта...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
„На врв бука чекутка, на чекутка метла, над метлата пештера, над пештера воденица; два плота, на плотот соленица, до соленици две погачи, над погачи две кандила, над кандила две пијавици, до пијавици два лилјака, над лилјаци бел тарун, над тарунот честа гора и во гора диви бравци...? А?” „Хмм, тоа е... Тоа е: снагата човекова, потоа главата, брадата, устата, мустаќите, носот, образот, очите, веѓите, ушите, челото, косата и вошките...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ѕидниот часовник – предел во кој се гледа пастувот од песните со рогови кога го корне крстот во полето; лилјак кога прелетува некаде од кај амбарите; старец што му шепти во сонот на полноќното сонце; ноќта во која полка исчезнуваат буквите чиј глас од ѕид до ѕид, бие во крвта, скита низ иднината и застанува само ден-два по твоето заминување.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во одежда на страдалник Гледа Арсенија Лилјак прелетува над него во мракот И низ прозорецот на костурницата Удира во полиците со черепи Врз ки е врежано Герасим Ефтимија Павле Копајќи со прсти по земјата Меѓу летото и правта земска Греда Арсенија И ластовичка во залезот како прелета над реката и застана на крстот спроти него.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Не се ни лилјаци, ни гаврани, вели Јон, кај си видела бели гаврани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Којзнае какви пилишта се овие, велам, лиоти, лилјаци ли се, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ако не се лилјаци, велам, може да се гаврани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој час влезе Кејтен изврнат како лилјак.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Измислуваа и други нешта, но никој не беше ѝ го видел лицето одблиску, таа живееше како лилјак, како ноќна птица.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Отаде река заквилува ноќна птица, меѓу бараките прелетува лилјак. Високо полна месечина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Лилјаци сме станале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Исто ко лилјаците е овој Цветан: колку е потемница, толку му е појасен патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Над нив летаат лилјаци и оставаат зад себе тенка преѓа на писок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе