летен прид.

летен (прид.)

- Тој викна и разбуди смелост кај сите; и тогај виорно коњикот летна, држејќи во рацете сабја дамаскалија, лута двеостра сабја од челик.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И четири часа во жештина летна планините ечат и бојните труби, и екотот страшен со викот се сретна, во усои горски со одек се губи.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Од темни зори на утрини летни до никоја доба на вечери зимни тој гладно пие тагата наша и потта и крвта и снагата ни.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И сама летна низ врата да бега, та дури до портава едвај ја стигнав!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Главниот удар се пренесе сега долу, на реката, која што требаше да се разбуди од вечната дремка и нејзините застојани води, што сега мрзливо се влечеа под жарот на летниот ден, кога ќе паднат првите есенски дождови, да заструјат по новото корито ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не мислеше ништо, не слушаше шум, а земјата под него се лулееше како езерски бранои; му се стори како да се наоѓа на каик, а модрината на топлата летна ноќ му се причини како лесно разбуричкани води на мирното езеро.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Матните зеници се простуваа со сината ведрина на летниот ден.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Уредента, со чекор на човек што управува голема трговија, од стариот напуштен автомобил излезе Баждар и се протегна слеп од силното летно сонце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На оваа мисла ги навеле и нивните коњи, кои бегајќи од низината крај Црна, летно време накачувале горе по Зелка, Ѓурѓишча, Перун и Трибор, барајќи сочна трева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Летно ѓубренце, зимна понада — велеше бабата Стаќа Горева, кога ѝ велеа зошто ѝ се такви скапани, изгорени, ситни патлиџанчиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така осамна убав летен ден со сите свои убавини и лошотии, во кој витоливци извадија сноп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Воловарчињата најмногу ја имале таа можност зашто секаде наоколу се просторни ридишта со богати пасишта врз кој овој летен ден сонцето припечуваше, а ветерот го повиваше чипецот и им ги палеше обравчињата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие очи, бледи како ленената кошула, како летното пладневно небо, не рекоа ништо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Некој нејзин шеф во кожено палто ѝ ветил со играчка насмевка летен одмор во оградено летовалиште на високи дотации, меѓу министри, началници и политички фолери.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со Цанета се спријателив околу Цветници, кога уште пред да смекне снегот на Шар-планинскиот врв во градот слезе првиот летен ден прескокајќи ја пролетта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Секој шум во таа летна жега, секој глас, секој извик, се раѓаше со точно утврдена цел: веднаш за да умре, да се распливне, да се изгуби невратно, да не претставува ништо - ни настан, ни новост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Над класјето успано летна уплашена птица и малото тело се гушна во нивниот спокоен дах...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Не фолираше во тоа одредено време на месечевото движење и раѓањето на невидливите призраци и страшила во тие летни, запарни ноќи, кога неговото далечно детство со глувчешки скокови го прерипуваше подот на скоро празната соба заградена со жици на нејасен страв, тој недозволен грев роден од сенките и мрзнењето на светлоста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Месечината беше пред мена и, во својата последна полноглавост за тие летни мигови, го исчекуваше својот необичен познајник за весела игра од која собата мирисаше на пресно ископан гроб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе