лен (м.)

Му редеше секакви билки и тревки на раните: и варен слануток, и семе од лен, жилавец, копрец, чочорка, богоројчина трева, печен белток од јајце, мевлен од восок и темјан, и настојуваше што побргу да му ги оздрави раните.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се повлекла малку лежејќи, сега потпрена со лакот на земјата, додека со другата рака го стискала отворот на пребелиот лен под грлото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И самиот паднав на коленици зад кошот и се мачев со мачењето на тој грч од црно и бело тесто на месо и на ткаен лен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За локалните тука беше неуништивиот козар Чанга, пре­ка­лен во многу битки за спасување на козите во и по војната.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вкусот му беше како лен и снег во исто време.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Чениците до градите. Јачмените до стреите. Леновите до појаса. Уровите до колена.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)