лек (м.)

Милосрдна сестра со рачички мали за раната наша не наоѓа лека. Со милосни очи, со поглед што гали не ни носи таа нам преврска мека.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Прашај ме мене за тоа, зашто паталец, гаталец. Туку има еден лек.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Аирлија плачење наврапито? Кажи срце на мајка, лек да ми ти бара.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Миша сврти кај неа, божем да бара некој лек за децата од заушки.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Доста се поиздиши уште подлабоко: Митра ја фати за раменици, по кроце, полека ја исправи првин да седне, па потоа полека, лека, ја исправи простум и држејќи ја за мишките ја поведе кон горни крај.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
По вршеље се даде по бајачки и вражалки, ама лекот не можеше да се најде.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Нивната сиромаштија беше натоварена со уште едно зло за кое не се гледа лек.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа беше едно мало шише во кое имаше некаков лек што го пиела мајка ѝ кога била болна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А Ристе ги шета сокаците и пее - мангарче бара, јајце страчкино за лек дава.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Осетив лека болка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И синот по Весна повторува нежно: „Лека ноќ, мамо“.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Добро, - вели баба му. – Но, ќе треба и од лекот да пиете заедно.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И баба му така му вели кога му дава да пие од оние горчливи лекови. Но Зоки ништо не вели на ова.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Од таблата се креваше лека пара. Тоа викаше: - Симиди, Симиди! Топли симиди!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Му најде триесет лека.** Парите му ги зедоа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И како дете што со млекото на мајката Го вселува во себе и законот на чемерот и болот Така во коренот некои жива маѓија го оплодува летото: Црни и златни рани ископани во глава на ангел Од праискони кружат крај тие сончеви реки А сонце нема и лека нема: Се крши стеблото И паѓа сенката Скитникот сам што си ја фрла за да почине во неа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
А можеби и ќе паднеше во морето ако со својата блага пролетна насмевка не ја храбреше сонцето: Ластовице, лекокрила, биди силна, биди лека, летај, летај, летај мила родно гнездо ми те чека.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Водичкава е лек“ - се присети на зборовите на деда си, што тој ги изговараше секогаш кога уште како мало дете го водеше на потокот да се мие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ако можам пак ќе дојдам. А сега лека ноќ. - Со здравје, Бојанчо. Ако можеш, ела.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК