легија ж.

легија (ж.)

А после, во тоа детство, умираше секако: под француското знаме во Легијата на странците, на врел алжирски песок.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Секој што не бил од малата легија носел во себе коба и подмолност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
После одиграната партија пинг-понг, ми кажа дека потпишал за Легијата на странците.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
67 При средбата со него најнапред ќе се почувствувате малку непријатно, бидејќи тој, забележувајќи ве, ќе направи еден потполно ненормален израз на лицето; просто ќе имате такво претчувство дека тој човек токму сега ќе пријде и ќе рече нешто грозно, како: „Квинтилиј Вар, врати ги легиите!“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Подоцна, додека бев во Легијата на странци, дојде просветлувањето.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И врз трпезата на плоча запишано: Легии, добродојдовте на трпезава што ја оставивме да ви појасни дека ние не умревме ниту за вода ниту за леб туку поради Честа што се обидовте да ѝ ја одземете на татковината ни... Sacra populi lingua est
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Арапската легија ќе го нападне кампот на бегалците и ќе бидат убиени близу четири илјади, а ранети дваесет илјади Палестинци...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Големите воени организации ќе регрутираат војници од малите сателитски народи, кои ќе ги заменат малите неојаничарски воени единици, како што е на пример легијата на странците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)